Свет
Северна Кореја: Тестиравме нова ракета, може да носи бојна глава од 4,5 тони

Северна Кореја објави дека успешно тестирала нова тактичка балистичка ракета, која може да носи супер голема бојна глава од 4,5 тони, објави денеска државната новинска агенција КЦНА.
Се наведува дека тестирањето на новата тактичка балистичка ракета, наречена „Хвасонгфо-11 Да-4.5“, било спроведено со симулирана тешка бојна глава за да се потврдат стабилноста и точноста.
Државната ракетна администрација ќе изврши уште едно лансирање на ист тип проектили во јули за да ја тестира моќта на експлозија на супер големата бојна глава, соопшти КЦНА.
„Хвасонгфо-11“ или „Хвасонг-11“ е серија балистички ракети со краток дострел развиени од Северна Кореја, инаку познати како КН-23 и КН-24.
КН-23, најверојатно, е ракета што Северна Кореја ѝ ја испорачала на Русија и ја користела во војната против Украина, според украинските власти, кои ги испитуваат остатоците од проектили лансирани од Русија од декември.
Северна Кореја и Русија негираат каква било трговија со оружје, но нивните врски се развија бргу откако нивните лидери се состанаа во септември во Русија за поблиска воена соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стејт департментот одобри продажба на оружје во вредност од 322 милиони долари на Украина

Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил предлог за продажба на оружје во вредност од 322 милиони долари на Украина за подобрување на нејзините капацитети за воздушна одбрана и обезбедување оклопни борбени возила на Киев.
Потенцијалната продажба, за која Стејт департментот го извести Конгресот, вклучува 150 милиони долари за снабдување, одржување, поправка и ремонт на американски оклопни возила, како и 172 милиони долари за ракетни системи земја-воздух, објавува АП.
Одобрението доаѓа неколку недели откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди привремено запирање на испораките на оружје во Украина за да може Пентагон да ги процени залихите на оружје.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потоа го промени својот став, јавно ветувајќи дека ќе продолжи да испраќа оружје во Украина, објавува агенцијата.
Трамп неодамна изложи план европските сојузници да купат американска воена опрема што потоа би била испратена во Украина. Сè уште не е познато како најновиот предлог ќе влијае на овој аранжман.
Откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, САД обезбедија повеќе од 67 милијарди долари во оружје и безбедносна помош за Киев.
Регион
Вучевиќ: Време е оние што повикуваат на насилство да одговораaт

Претседателот на Српската напредна партија и советник на претседателот, Милош Вучевиќ, денес изјави дека верува оти Обвинителството ќе си ја заврши работата и дека оние што јавно се залагаат и промовираат насилство ќе бидат повикани на одговорност. „Пет до дванаесет е, а можеби и дванаесет и пет за оние што повикуваат на насилство да одговорат“, рече Вучевиќ за „Танјуг“.
Тој исто така оцени дека протестите пред семејните домови се чист фашизам. „Она што го гледаме сега, дека одат по куќи, станови, ги напаѓаат нашите семејства и соседи, сè најлошо и најодвратно, покажува немоќ и отсуство на каква било политичка смисла. Тие покажуваат кукавичлак, безгрижност“, рече Вучевиќ.
Според него, последниот чин од оваа претстава сè уште треба да се одигра. „Тие беа трипати пред мојот стан, ние веќе сме навикнати на таква ситуација, колку и да е непријатна. И тие само ни даваат уште поголема сила да се бориме против нивните политики, а не да молчиме. Како што видовте, никој не се повлече ниту се засолни“, рече тој. ж
Оние што го организираат тоа, изјави, се вистинските цели на оние пред чии станови протестираат.
„Тие нè прават вистински цели, ако сме убијци и криминалци, тие се одговорни ако нешто им се случи на нашите семејства. Сакам она што им се случува на нашите семејства никогаш да не им се случи ним. Првото нешто што би го направил е да ги заштитам нивните семејства ако нешто се случи.
Се боревме против фашизмот во Втората светска војна, ќе се бориме и сега“, рече Вучевиќ, според „Танјуг“.
Регион
Трагедија во Грција: бебе се задави со сувлаки – итно било префрлено во болница, но немало начин да се спаси

Трагедијата се случи синоќа во Ираклион, Крит, кога 20-месечно девојче се задави додека јадеше сувлаки.
Девојчето зело парче месо додека семејството вечерало. Детето се задавило и веднаш било однесено во болницата „Венизелио“.
Според информациите доставени до Cretalive од директорот на болницата, лекарите успеале да извадат парче сувлаки од неговите дишни патишта и вршеле кардиопулмонална реанимација повеќе од еден час, но не можеле да го одржат во живот, објавува „Прототема“.
Во истиот град во средата попладне се удави 11-годишно дете. Пливачите се обидуваа да му помогнат сè додека не пристигна брзата помош. Малото дете беше однесено во болница, но и покрај напорите на лекарите, почина.
Фото: принтскрин