Свет
Северна Кореја ја прекинува комуникацијата со Јужна Кореја на пладне, „жешката линија“ се исклучува

Северна Кореја ќе ги прекине сите линии на комуникација со Јужна Кореја почнувајќи од пладне на 9 јуни како одговор на фактот дека Јужна Кореја испраќа пропагандни брошури, објави севернокорејската државна агенција КЦНА.
Би-би-си наведува дека ќе биде прекината жешката линија меѓу лидерите на двата народа, како и воените канали за комуникација.
Северна Кореја соопшти дека тоа е првата во низата активности опишувајќи ја Јужна Кореја како непријател.
Двете држави формираа канцеларија за намалување на тензиите по разговорите во 2018 година.
Северна и Јужна Кореја се технички сè уште во војна затоа што не беше постигнат мировен договор кога Корејската војна заврши во 1953 година.
Ким Џо Јонг, сестра на водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, се закани минатата недела дека ќе ја затвори канцеларијата доколку Јужна Кореја не престане да испраќа летоци на север.
Таа рече дека кампањата со летоци е непријателски чин што ги крши мировните договори постигнати за време на самитот во 2018 година.
Јужна Кореја ја повика Северна Кореја да ги зачува постојните линии на комуникација меѓу двете земји, изјави портпаролот на Министерството за обединување на Јужна Кореја.
„Овие телефонски линии помеѓу југ и север се главен инструмент за одржување комуникации, тие мора да бидат зачувани во согласност со постојните договори“, нагласил јужнокорејскиот претставник, пренесува ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.
Регион
Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.
Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.
По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.