Свет
„Секогаш ќе се чувствувам виновен за смртта на Леди Ди“
Францускиот лекар кој очајнички се обиде да ја спаси принцезата Дијана по фаталната сообраќајна несреќа во Париз на 25-годишнината од нејзината смрт, изјави дека секогаш ќе се чувствува одговорен за нејзината смрт.
Фредерик Мелиес на 31 август 1997 година ја нашол принцезата во несвест, тешко дишела, на подот на оштетениот „мерцедес“ во тунелот Алма.
Сега, кога се наближува 25-годишнината од нејзината смрт, лекарот вели дека сè уште е прогонуван од она што се случи таа ноќ и сознанието дека тој бил еден од последните луѓе што ја виделе принцезата жива.
„Сфаќам дека моето име секогаш ќе се поврзува со оваа трагична ноќ. Се чувствувам донекаде одговорен за нејзините последни моменти. Тргнав кон уништениот автомобил. Ја отворив вратата и погледнав внатре. Четири лица, од кои двајца беа очигледно мртви, не реагираа , дишеше, а другите двајца, од десната страна, живи, но во тешка состојба. Патникот врескаше, дишеше. Можеше да почека неколку минути. А патничката, млада госпоѓа, беше на колена на подот на мерцедесот, со главата надолу. Тешко дишеше. И требаше брза помош“ – изјави за АП Мелиес, кој се враќал дома од забава кога наишол на сообраќајната несреќа.
Докторот подоцна ќе ја дознае веста – заедно со остатокот од светот – дека жената што ја лекува е принцезата Дијана.
„Знам дека е изненадувачки, но не ја препознав принцезата Дијана. Бев на задното седиште во автомобилот и помагав. Сфатив дека е многу убава, но моето внимание беше толку фокусирано на она што треба да направам за да и го спасам животот што немав време да размислувам која е таа жена“, изјави тој.
„Некој зад мене ми кажа дека жртвите зборуваат англиски, па почнав да зборувам англиски, велејќи дека сум доктор и повикав брза помош. Се обидов да ја утешам“, рече докторот.
Потоа забележал блесок од папараци собрани да ја документираат сцената. Британската истрага откри дека возачот на Дијана, Хенри Пол, бил пијан и возел со голема брзина за да избегне да ги брка фотографите.
Малиес изјавил дека немал замерка за постапките на фотографот по несреќата.
„Тие не ми го попречија пристапот до жртвите. Не барав од нив помош, но тие не ми се мешаа во работата“ – вели тој.
Пожарникарите пристигнале брзо, а Дијана била пренесена во париската болница, каде починала неколку часа подоцна. Загинаа и нејзиниот сопатник Доди Фаед и возачот.
„Беше голем шок кога дознав дека таа е принцезата Дијана и дека починала. Дали направив се што можев за да ја спасам? Дали ја завршив мојата работа правилно?” – рече Мелиес.
„Проверив со моите професори по медицина и проверив со полициските истражители“, рече тој и тие се согласија дека направил се што можел.
Како што наближува годишнината од несреќата, тие спомени повторно се будат во него, но и се враќаат, вели: „Секогаш кога возам низ тунелот Алма“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.
Свет
Белгискиот министер ги предупреди европските лидери поради изјавите за нуклеарното оружје: „Држете го јазикот за заби“
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен ги критикуваше европските лидери поради, како што наведе, премногу отворените изјави за нуклеарното оружје.
„Кога станува збор за нуклеарното одвраќање, навистина не разбирам зошто европските лидери се толку брборливи. Тоа не е мудро. Ве молам, држете го јазикот за заби“, порача Франкен на платформата „Икс“, реагирајќи на интервју на германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесе „Политико“.
Во интервјуто, Мерц ја исклучи можноста Германија да развие сопствено нуклеарно одвраќање, но рече дека германските борбени авиони потенцијално би можеле да носат француско и британско нуклеарно оружје. Германија и Белгија се дел од американската програма „нуклеар шеринг“, во рамки на која нивните воздухопловни сили можат да носат американски нуклеарни бомби.
Изјавите на Мерц и Франкен доаѓаат во момент кога се интензивира дебатата за европското нуклеарно одвраќање во пресрет на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон на 2 март. Се очекува Макрон да испрати пораки за улогата на францускиот нуклеарен арсенал во европската безбедност.
Белгискиот министер за одбрана се осврна и на коментарите на Мерц за проектот „Фјучр Комбат Ер Систем’ (Future Combat Air System) – борбен авион од нова генерација што го развиваат Германија, Шпанија и Франција.
„Системот е мртов, според германскиот канцелар во овој подкаст. Нема да има француско-германски борбен авион од шеста генерација. Белгија беше набљудувач во таа програма. Ќе ја преиспитаме нашата позиција“, наведе Франкен.
SCAF is dood aldus de Duitse bondskanselier @bundeskanzler in deze podcast. Er komt geen Frans-Duits zesde generatie jachtvliegtuig.
België was observator in het programma. We zullen onze positie herbepalen.
Ivm de nucleaire afschrikking begrijp ik echt niet waarom Europese…
— Theo Francken (@FranckenTheo) February 18, 2026

