Свет
Се намалува бројот на заразени со коронавирус во Вухан, градот почнува да се враќа во нормала
Во Кина повторно е забележан пораст на бројот на случаи на коронавирус по четиридневниот пад на бројот на заразени, што е резултат на приливот на луѓе од странство. Сепак, ситуацијата во провинцијата Хубеи, од каде што се појави епидемијата, продолжува да се стабилизира, а шести ден по ред е забележано намалување на бројот на нови случаи.
Во копнениот дел на Кина вчера биле потврдени 24 нови случаи на вирусот, што е за 19 повеќе отколку претходниот ден, соопшти Националната здравствена комисија.

Доктори го слават затворањето на привремената болница за пациенти со коронавирус (Фото: ЕПА)
Од тој број, 10 случаи се лица кои влегле во Кина, со што вкупниот број на заразени кои дошле од странство се зголемил на 79, пренесува „Ројтерс“. Во Пекинг вчера се потврдени шест нови случаи, меѓу кои лица кои допатувале од Италија и од САД.
Во главниот град на провинцијата Хубеи, Вухан, вчера биле пријавени само 13 нови случаи, што е и вкупен број во Хубеи.
Главните служби во Вухан почнале со работа, соопшти тамошната влада. Тоа се однесува на клучните сектори како што се јавниот превоз и јавните служби.
Вкупниот број на заразени во копнениот дел на Кина до вчера е 80.778, а бројот на починати 3.158. Вчера беше затворена привремената болница за пациенти со коронавирус во Хонгшан откако сите пациенти биле отпуштени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

