Свет
Се преврте траект во Танзанија, загинаа најмалку 86 лица
Најмалку 86 лица загинаа кога траект со стотици луѓе се преврте во езерото Викторија во Танзанија, објавија локалните медиуми денес.
VIDEO: Over 40 killed as MV Nyerere capsizes in Lake Victoria. pic.twitter.com/zJ4UaHbksj
— NTV Kenya (@ntvkenya) September 21, 2018
Локалниот портал „Граѓанин“ на својот сајт објави нов биланс на жртви, наведувајќи ги податоците од Џон Монгела, регионалниот комесар на Мванза, каде што се случи несреќата вчера, објави „Ројтерс“.
Breaking: Many feared dead after Mv Nyerere sinks in Lake Victoria #GhettoRadioNews #Goteana pic.twitter.com/AYEZTrUC0l
— Ghetto Radio (@GhettoRadio895) September 20, 2018
Британската агенција вели дека конечниот биланс на жртвите би можел да биде многу поголем. Монгела претходно изјави за АП дека не може да шпекулира за бројот на луѓето кои биле на бродот, посочувајќи дека сето внимание се фокусирало на операцијата за спасување.
Tanzania's MV Nyerere ferry that plies Bugorora-Ukala Island route in Lake Victoria capsizes with over 100 passengers on board, rescue operation ongoing. pic.twitter.com/1qiv7w01Ct
— Radio Citizen (@RadioCitizenFM) September 20, 2018
Американската агенција забележува дека таквите траекти често се преоптоварени со неколку стотици патници. Според првичните проценки, траектот „Нјерере” превезувал повеќе од 300 луѓе, соопшти „Ројтерс“. Во истото езеро во 1996 година најмалку 500 луѓе загинаа во несреќата со траект, се сеќава британската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

