Свет
Се стравува дека има стотици мртви, огромна штета предизвикана во разорниот земјотрес во Мјанмар
Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди Мјанмар, предизвика страв од стотина мртви, изјави член од спасувачкиот тим за Би-би-си.
„Бројот на загинати е исто така многу голем. Тоа е сè што можеме да кажеме во моментот бидејќи спасувачките напори сè уште се во тек“, рече тој.
Во Мјанмар непрекинато се слушаат сирените на амбулантните и на противпожарните возила.
Воената хунта, која управува со Мјанмар, претходно соопшти дека епицентарот на земјотресот бил недалеку од Мандалеј, вториот по големина град во земјата, и дека луѓето треба да очекуваат нови потреси во следните шест часа.
Вонредна состојба е прогласена во регионите Сагаинг, Мандалај, Магвеј, североисточниот дел на државата Шан, Баго и Најпидау.
Според очевидци, има многу урнати згради, вклучувајќи хотел, мост, училишта за стари лица и мниогубројни домови во Мандалеј, Сагаинг и во јужната држава Шан.
Автопатот Јангон – Мандалај исто така беше оштетен на некои делови, вклучително и мостови, а возила стоеја на патот.
Според Црвениот крст, во областа околу епицентарот нема струја и интернет, што ги отежнува нивните напори да се утврди точното ниво на штетата.
И пред овој разорен земјотрес, хуманитарната ситуација во Мјанмар беше страшна.
Регионот Сагаинг, недалеку од епицентарот, е нестабилно, клучно бојно поле во граѓанската војна.
Тоа е упориште на продемократските групи на отпорот, кои се борат за соборување на воената хунта, која ја презеде власта со државен удар на 1 февруари 2021 година. Се проценува дека повеќе од 3,5 милиони луѓе се раселени од своите домови поради граѓанската војна. Гладот достигна алармантно ниво.
Пред земјотресот ОН предупредија дека на речиси 20 милиони луѓе, една третина од населението, ќе им биде потребна помош. Сега ситуацијата е многу полоша.
Според истражувањето на Би-би-си, многубројни групи го контролираат Сагаинг и другите делови на Мјанмар, што би можело да ги направи спасувачките напори проблематични.
Истрагата откри дека воената хунта моментно има целосна контрола врз помалку од четвртина од земјата.
По преземањето на власта со државен удар, војската на Мјанмар исто така ја изолира земјата од надворешниот свет.
Независните медиуми се ефективно забранети, а активностите на меѓународните хуманитарни групи се ограничени. Намалувањето на американската странска помош сериозно го погоди и Мјанмар.
Земјотресот е почувствуван и во Бангкок, главниот град на Тајланд, каде што исто така е причинета голема материјална штета.
Таму се урна зграда во изградба, а во урнатините останаа заробени 70 работници.
Во објава на „Фејсбук“, Националниот институт за итна медицина на Тајланд соопшти дека во моментот на уривањето во зградата имало 320 работници, а 20 од нив останале заробени во лифтовите.
Бројот на загинатите не е познат, а на местото на настанот е поставена теренска болница додека спасувачите продолжуваат да трагаат по преживеани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

