Свет
Се судрија два „воза на смртта“ на Октоберфест, повредени се осум лица
Осум лица се полесно повредени во несреќа на затворен тобоган на Октоберфест во Минхен. Синоќа на првиот ден од 18-дневниот фестивал се судриле две композиции, извести полицијата. Возењето – наречено Хеленблиц или Пеколна молња – останува затворено во очекување на истрага, соопшти полицијата.
Лекарите рекоа дека повеќето од повредите се модринки, а три лица се пренесени во болница за дополнителна евалуација. Еден од возовите бил во мирување кога возот што се приближувал полека тргнал наназад од непознати причини, изјави директорот на атракцијата Вили Отенс за ДПА во неделата.
Во секој од возовите имало по 30 луѓе, рече тој. „Имаше помал судир меѓу двата воза, сите луѓе излегоа сами“, рече Отенс. Познатиот фестивал на пивото Октоберфест се одржува секоја година во Минхен, привлекувајќи милиони национални и меѓународни посетители во главниот град на Баварија неколку недели во септември и октомври.
Фестивалот вклучува бројни карневалски атракции. Според Отенс, Пеколна молња е најголемиот патувачки тобоган во затворен простор во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Џ. Д. Венс се надева дека неговата сопруга ќе стане христијанка
Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, рече дека се надева оти неговата сопруга Уша, која е хинду, еден ден ќе стане христијанка. Тој ја сподели својата лична желба за време на говорот на настан за конзервативната организација Turning Point USA на Универзитетот во Мисисипи, објави „Њузвик“.
„Се надевам дека таа го гледа евангелието на ист начин“, рече тој.
Венс им откри на присутните дека неговата сопруга веќе го следи во црква, иако не е христијанка. „Сега, повеќето недели, Уша доаѓа во црква со мене“, рече потпретседателот.
Потоа јасно ги искажа своите очекувања. „Како што ѝ кажав и јавно изјавив, а ќе кажам и сега пред 10.000 мои најблиски пријатели: Дали се надевам дека на крајот ќе биде трогната од истото тоа што мене ме трогна во црква? Да, искрено се надевам. Бидејќи верувам во христијанското евангелие и се надевам дека мојата сопруга на крајот ќе го гледа на ист начин“.
Сепак, тој бргу додаде дека ја почитува нејзината одлука, каква и да била. „Но, ако не, тогаш Бог вели дека секој има слободна волја, па тоа не е проблем за мене“, заклучи тој.
Митингот на кој зборуваше Венс беше посветен на чествувањето на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк, а присуствуваше и неговата вдовица Ерика.
Фото: ЕПА
Свет
Песков: Нуклеарните тестови на Трамп не значат војна
Кремљ не верува дека почнала нова рунда од трката во вооружување меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Претходно, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нареди итно почнување на тестирањето на нуклеарно оружје и исто така истакна дека САД имаат полигони за тестирање нуклеарно оружје, а деталите за тестовите ќе бидат објавени подоцна.
„Сè уште не“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан дали изјавите на Трамп за почетокот на тестирањето на нуклеарно оружје може да се сметаат за нова рунда од трката во вооружување.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера објави дека Русија го тестирала подводното возило „посејдон“ во вторникот.
Тој исто така на 26 октомври објави дека тестовите на ракетата „буревестник“ се завршени.
Договорот за забрана на нуклеарни тестови во атмосферата, во вселената и под вода беше потпишан во Москва на 5 август 1963 година од претставници на СССР, САД и Велика Британија.
Фото: притнскрин
Свет
(Видео) Поплавите го парализираа јужниот дел од земјата: прогласена вонредна состојба во делови од Шпанија
Обилните дождови што го погодија шпанскиот регион Андалузија предизвикаа речиси 1.500 пријавени инциденти, од кои 970 се случија во најтешко погодената покраина Севилја.
Así está la cosa por Nerva (Huelva). Zonas inundadas y reventón en las tuberías de saneamiento del instituto. @Meteohuelva pic.twitter.com/pbFvbIoOTk
— Marcos Ce ۞ (@_MarcosCe) October 29, 2025
Поради поплавите, некои патишта беа затворени, а железничкиот сообраќај беше прекинат неколку часа, објавува денес „Дијарио де Севилја“.
Llegan imágenes muy preocupantes desde Mazagón.
Video de autor desconocido. pic.twitter.com/1KrnivKS9t
— MeteoHuelva.es (@Meteohuelva) October 29, 2025
Граѓаните пријавија повеќе од 70 проценти од инцидентите кај властите поради поплави, а 127 пријави се должат на лизгање на земјиштето и на свлечишта.
Mucha precaución, esto no ha terminado aún! @MeteoAlmonte @Meteohuelva el aparato eléctrico no para de aumentar en esta zona! Ya he presenciado rayos nube tierra tocando cerca, uno ha caído en Bollullos par del Condado dejando TeleCondado sin luz. pic.twitter.com/dyCQUz49oH
— Wotan SilverBack (@WotanSilverBack) October 29, 2025
Во Севилја, по обилните дождови, улиците, гаражите и јавните згради беа поплавени, а болницата „Вирхен Макарена“ мораше да спроведе план за непредвидени ситуации за да продолжи да обезбедува здравствени услуги.
@Meteohuelva Almonte inundado pic.twitter.com/Q12Zjo6OAU
— MARÍA_BEJ_GAR (@maria_bej) October 29, 2025
Во Кармона дождовите ја оштетија универзитетската резиденција и неколку домови за стари лица принудувајќи ги жителите на еден од нив да се евакуираат.
⚠️⛈️ Destrozos en #Gibraleón ( #Huelva) por el paso de un probable #tornado. #FMA pic.twitter.com/PeAR7abdXI
— InfoMeteoTuit (@InfoMeteoTuit) October 29, 2025
Фото: принтскрин

