Свет
СЗО има поважни работи отколку да се занимава со Трамп

Портпаролката на СЗО вели дека од таму немаат директен коментар за писмото на американскиот претседател, Доналд Трамп.
Но, тие најавија дека кога работите ќе станат појасни, ќе реагираат подоцна во текот на денот.
Трамп, кој писмото го објави на „Твитер“, се закани дека трајно ќе го прекине финансирањето за СЗО и ќе го разгледа членството на САД во таа организација, освен ако таа не покаже значително подобрување во наредните 30 дена.
„Го видов писмото и засега немам никаква изјава за тоа. Во моментот сме многу зафатени со обидот да ја финализираме нашата агенда за Светското здравствено собрание“, рече портпаролката Фадела Шаиб на состанокот во Женева, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.
„Секако, сигурна сум дека подоцна работите ќе бидат појасни и ние ќе реагираме на тоа“, додаде Шаиб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Вонреден самит на ЕУ за Украина свикан за 6 март

Европската унија свика вонреден самит за Украина и европската безбедност за 6 март, објави денеска претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.
„Одлучив да свикам посебен Европски совет на 6 март“, објави Коста на социјалната мрежа Икс.
I have decided to convene a special European Council on 6 March.
We are living a defining moment for Ukraine and European security.
In my consultations with European leaders, I’ve heard a shared commitment to meet those challenges at EU level: strengthening European Defence…
— António Costa (@eucopresident) February 23, 2025
„Живееме во одлучувачки момент за Украина и европската безбедност“, нагласи тој, додавајќи дека во неговите консултации со европските лидери слушнал „заедничка посветеност“ за соочување со овие предизвици на ниво на ЕУ. Притоа го наведе „зајакнувањето на европската одбрана и одлучувачкиот придонес за мирот на нашиот континент и долгорочната безбедност на Украина“.
Тој исто така нагласи дека ќе продолжи да работи заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и сите земји-членки за да бидат подготвени да донесат одлуки на 6 март.
Европа
Шолц го призна поразот: Ова е горчлив изборен резултат

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ е победник на предвремените парламентарни избори во Германија, а десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) е втора политичка сила, според првите излезни анкети.
На трето место е Социјалдемократската партија на Германија (СПД) со 16 отсто, што е најслаб резултат во повоената историја на партијата.
Олаф Шолц им се обрати на своите сопартијци во Берлин додека се обидуваат да ги обработат овие резултати.
„Ова е горчлив изборен резултат за Социјалдемократската партија, а во исто време и изборен пораз“, рече тој.
„Мислам дека можеме да бидеме горди на фактот што соработувавме толку тесно заедно во тешки времиња“.
Европа
Мерц: Победивме

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ е победник на предвремените парламентарни избори во Германија, а десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) е втора политичка сила, според првите излезни анкети.
Фридрих Мерц, лидерот на Демохристијаните (ЦДУ), им се обрати на поддржувачите во Берлин по објавувањето на излезните анкети.
„Победивме на овие избори“, изјави тој со громогласен аплауз.
Неговата партија, заедно со нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), освои вкупно 29 отсто од гласовите, според непотврдените излезни анкети.
„Она што сакам да им го кажам на нашите гласачи е ви благодарам што ја дадовте довербата во нас, во мене лично и во нашата партија, бидејќи знам што значи тоа во однос на одговорноста“, продолжи тој.
„И јас сум свесен за обемот на работата пред нас. Ја преземам таа одговорност со најголема почит“.
Тој нагласи дека е неопходно брзо да се формира коалиција.
„Надворешниот свет нема да не чека“, рече тој.
„Сега ќе разговараме меѓусебно и мора да формираме одржлива влада во Германија што е можно поскоро – влада која може да дејствува врз основа на мнозинство“.