Свет
СЗО: Лековите против дебелина би можеле да го продлабочат јазот меѓу богатите и сиромашните
Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде своите први упатства за употреба на терапии со GLP-1 за дебелина, условно препорачувајќи ги како дел од долгорочен третман за состојба која влијае на повеќе од милијарда луѓе ширум светот. Упатствата доаѓаат во време кога глобалната побарувачка за класа лекови познати како GLP-1 агонисти расте, а владите се борат да откријат како да ги инкорпорираат овие успешни терапии во системите за јавно здравје.
Првата условно препорака советува употреба на GLP-1 лекови кај возрасни, освен бремени жени, за долгорочен третман на дебелина, додека втората сугерира нивно комбинирање со здрава исхрана и физичка активност. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека овој потег „препознава дека дебелината е хронична болест која може да се управува преку сеопфатна и доживотна грижа“, но предупреди дека само лековите нема да ја решат оваа глобална здравствена криза.
Мари Спрекли од Универзитетот во Кембриџ рече дека препораките се „соодветно оценети како условни“, истакнувајќи дека сè уште постои неизвесност во врска со долгорочната употреба во повисоки дози, достапноста и капацитетот на здравствениот систем.
Претставниците на СЗО нагласија дека пристапот сега е најголемиот предизвик. Дури и со брзата експанзија на производството, се предвидува дека GLP-1терапиите до 2030 година ќе достигнат помалку од 10 проценти од оние кои би можеле да имаат корист од нив.
„Нашата најголема загриженост е еднаквиот пристап; без координирана акција, овие лекови би можеле да придонесат за проширување на јазот меѓу богатите и сиромашните, и меѓу и во рамките на земјите“, рече Тедрос.
Најновиот потег доаѓа по одлуката на агенцијата во септември да ги додаде семаглутид и тирзепатид, активните состојки во Ozempic на Novo Nordisk и Mounjaro на компанијата Eli Lilly, на својата листа на клучни лекови за лекување на дијабетес тип 2 кај групи со висок ризик, но не и за лекување на дебелина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

