Свет
СЗО: Не препорачуваме комбинирање на вакцини, сè уште немаме доволно податоци
Светската здравствена организација (СЗО) во петокот повтори дека поради недостиг на соодветни податоци не може да даде препорака во врска со комбинацијата на различни вакцини против Kовид-19, како што ќе стори Франција при повторна вакцинација на лица под 55 години кои добиле прва доза вакцинa нa „Астразенека“.
„Нема соодветни податоци за да се каже дали тоа може да се направи и затоа експертите на СЗО заклучија дека комбинирање на вакцини во овој момент не може да се препорача“, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на редовниот брифинг во Женева.
Таа потсети дека овој став беше усвоена од Стратешката советодавната група на експерти за имунизација (САГЕ) во февруари при објавување препораки за вакцината на „Астразенека“ и пред информации за можната врска помеѓу вакцината и многу ретки несакани ефекти.
Таа исто така истакна дека овие научници тогаш повикале на истражување на можноста за комбинирање на вакцините против Ковид-19.
Француските власти донесоа одлука луѓето под 55 години кои ја примиле првата доза од вакцината на „Астразенека“ да бидат довакцинирани со вакцините на „Фајзер“ или на „Модерна“ кои се засноваат на mRNK.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.