Свет
СЗО: Пазарот во Вухан имал улога во предизвикувањето на епидемијата
Пазарот во централниот кинески град Вухан имал улога во избувнувањето на епидемијата на коронавирусот минатата година како извор или евентуално како зајакнувачка околина, објави денес Светската здравствена организација повикувајќи на повеќе истражувања.
„Пазарот имал улога во настанот, тоа е јасно, но каква точно улога – не знаеме. Дали станува збор за извор или засилувачки ефект или само случајност што некои заразени потекнуваат од или околу тој пазар“, рече доктор Питер Бен Ембарек, експерт на СЗО за безбедност на храна и вируси што минуваат од животни на луѓе, објави „Ројтерс“.
Не е јасно дали живи животни или заразени доставувачи и клиенти го донеле вирусот на пазарот, рече тој на прес-конференцијата во Женева.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека има многу докази оти вирусот потекнува од лабораторија во Вухан иако потоа додаде дека не е целосно сигурно.
Ниту еден јавно достапен доказ не ја поврзува епидемијата со лабораторија, а научниците велат дека коронавирусот се појавил во природата.
Германски разузнавачки извештај ги доведува во прашање наводите на Помпео, пренесе „Шпигел“.
Бен Ембаркер не изрече никакви обвинувања. Тој истакна дека била потребна цела година истражувачите да ги идентификуваат камилите како извор на вирусот МЕРС, коронавирус што се појави во Саудиска Арабија во 2012 година и се прошири на Блискиот Исток. Од оваа гледна точка тој смета дека и сега не е доцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

