Свет
СЗО повика да се внимава со руската вакцина – не ја поминала третата фаза од испитувањата
Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Русија да ги следи меѓународните упатства за производство на вакцина против Ковид-19 кога земјата соопшти дека ќе почне со вакцинирање на населението против коронавирусот во октомври.
„Понекогаш индивидуалните истражувачи тврдат дека пронашле нешто, што секако е извонредна вест“, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, пред новинарите додавајќи: „Но, меѓу откритието или индицијата дека има вакцина што дејствува и вакцина што ги поминала сите фази има голема разлика“.
Руската вакцина не е на списокот на СЗО од шест вакцини што стигнале до третата фаза клинички испитувања. Руските здравствени институции објавија дека се подготвуваат да почнат масовно вакцинирање против коронавирусот во октомври.
Министерот за здравство, Михаил Мурашко, рече дека лекарите и професорите ќе бидат први што ќе ја примат вакцината, а потоа постепено и остатокот од населението. Тој додаде дека клиничкото испитување на вакцината што се развива во Русија е завршено и дека се подготвува нејзино одобрување.
Досега Русија не дала научни податоци за таа вакцина на независна процена. Институтот за истражување „Гамалеја“ за епидемиологија и микробиологија во Москва во мај објави дека развила вакцина за која вели дека создава имунитет на коронавирусот, без негативни несакани ефекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави инвестиции од 110 милијарди долари за израелската одбранбена индустрија
Израел планира да инвестира 110 милијарди долари во следните десет години за да ја направи својата домашна воена индустрија понезависна, соопшти премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Говорејќи на церемонија за доделување дипломи на новообучени пилоти на воздухопловните сили, Нетанјаху изјави дека целта е да се намали зависноста на Израел од странски добавувачи на оружје, вклучувајќи и пријатели, пренесе Тајмс оф Израел.
Тој ја спомена Германија, наведувајќи дека, како и други земји, настојува да купува сè повеќе и повеќе системи за вооружување од Израел. Германија привремено стопираше дел од извозот на оружје за Израел по разорната војна во Газа, што ги заостри односите меѓу двете земји.
Нетанјаху посочи дека и други европски држави, како и Соединетите Американски Држави, вовеле ограничувања, и дека новата инвестициска програма има цел да обезбеди стратешка автономија на Израел во производството на оружје.
Минатата недела, Германија и Израел потпишаа договор за проширување на ракетниот одбранбен систем Arrow 3, наменет за заштита од потенцијални ракетни напади. Израелски официјални лица соопштија дека вредноста на договорот изнесува околу 6,7 милијарди долари, што го прави најголемиот договор за вооружување во историјата на Израел.
Свет
Трамп: Среќен Божиќ на сите, дури и на лошите радикални левичари
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа им посака среќен Божиќ на сите, вклучувајќи ги и радикалните левичари, алудирајќи на своите демократски противници.
„Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалниот левичарски олош кој прави сè што може за да ја уништи нашата држава, но во тоа целосно потфрла“, порача републиканскиот претседател, по што ги наброја успесите на својот мандат.
„Повторно нè почитуваат, можеби како никогаш досега. Боже, благослови ја Америка!!!“, додаде Трамп.
Во категоријата „радикална левица“, со својот остар стил, Трамп често ги вклучува сите демократи и политички противници. Тој божиќните празници ги поминува во својата резиденција на Флорида.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Русија: Два нафтени резервоари во пламен по украински напад со дрон
Два резервоари за складирање нафта се запалиле во руското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај, по украински напад со дрон, соопшти денеска регионалниот штаб за вонредни состојби.
Пожарот зафатил површина од околу 2.000 квадратни метри, пренесува Интерфакс.
Во гаснењето учествувале 70 лица, меѓу кои и припадници на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Русија за Краснодарскиот крај.
Footage published by Exilenova shows drone strikes on a tanker and port infrastructure at the Taman marine terminal in Krasnodar Krai, Russia, during the night of December 21–22. https://t.co/WCi3GJeTB9 pic.twitter.com/meWR47N3C2
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) December 24, 2025
Според првичните информации, нема жртви, додаде оперативниот штаб.
Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили во текот на ноќта собориле 141 украински дрон над руската територија.
„Од 23:00 часот по московско време на 24 декември до 7:00 часот по московско време на 25 декември, системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 141 украинско беспилотно летало со фиксни крила“, се наведува во соопштението, кое го пренесува РИА Новости.
Како што се наведува, 62 дрона биле уништени во Брјанската област, 12 во Тулската, 11 во Калушката, а девет во Московската област.
Дополнително, осум дрона биле соборени во Адигеја, седум во Краснодарскиот крај, по шест на Крим и во Ростовската област, по пет во Белгородската и Воронешката област, како и над Азовското Море.
Четири дрона биле уништени во Курската област, а еден во Волгоградската област, соопшти министерството.
Фото: pexels

