Свет
СЗО: Рекорден пораст на заразени со вирусот – за еден ден 230 илјади нови случаи

Светската здравствена организација (СЗО) објави уште едно рекордно зголемување на бројот на потврдени случаи на коронавирус за 24 часа, бидејќи во саботата повеќе од 230.000 биле регистрирани ширум светот.
СЗО објави дека САД повторно се на врвот на списокот на земји, со повеќе од 66.000 случаи регистрирани за еден ден. Трендот на потврдени случаи на Ковид-19 продолжува да расте. Во петокот, во текот на 24-часовниот период беа потврдени 228.000 нови случаи на инфекција со коронавирус ширум светот.
Досега се пријавени повеќе од 12,5 милиони потврдени случаи ширум светот, додека повеќе од 561.000 луѓе починале. СЗО прогласи глобална пандемија на 11 март поради ширењето на коронавирусот. Заедно со Европа, СЗО ги прогласи САД, а потоа и Јужна Америка за епицентар на пандемијата на коронавирус, која за првпат се појави на крајот на минатата година во кинескиот град Вухан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
По една деценија потрага, војници случајно го пронајдоа автомобилот на исчезнатите Австријци

Десет години по исчезнувањето на Андреас Л. и Максимилијан Б. од австрискиот регион Милфиртел, чешките власти пронашле потопен автомобил со човечки остатоци во езерото Липно, кои најверојатно им припаѓаат на нив.
Возилото, сив „цитроен“, било откриено случајно од војници во близина на пристаниште. Полицијата потврди дека се работи за автомобил што се бара веќе една деценија, а остатоците се испратени на ДНК анализа.
Двојцата пријатели исчезнале во септември 2015 година, кога тргнале кон чешкиот град Виши Брод. Иако истрагата тогаш беше обемна, нивната судбина остана непозната – сè до ова откритие што, според полицијата, најверојатно ја затвора мистеријата.
Свет
ЕУ ја потврди забраната за увоз на руски гас и нафта: „Нема да ѝ дозволиме на Русија да нè уценува“

Европската унија официјално ја потврди одлуката за постепено укинување на увозот на руски гас и нафта до 1 јануари 2028 година, со цел да стави крај на зависноста од Москва и финансирањето на нејзината војна.
Еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен изјави во Европскиот парламент дека Европа никогаш повеќе нема да дозволи енергијата да се користи како оружје и дека унијата нема да биде предмет на уцена ниту ќе го финансира, како што велат, путинoвиот воен апарат.
Според договорот, нови договори за руски гас нема да може да се склучуваат по 1 јануари 2026, краткорочните треба да завршат до јуни 2026, а долгорочните до 2028 година.
Одлуката доби квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ, иако против беа само Унгарија и Словачка, земји без излез на море.
Јоргенсен нагласи дека мерката е клучна за енергетската безбедност и конкурентноста на Европа, додавајќи дека ЕУ не треба да увезува „ниту капка руска нафта“ – дури ни по завршување на војната.
Свет
Трамп ѝ се закани на Шпанија поради ниските трошоци за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Шпанија дека не е тимски играч и се закани со казни и можни царини, поради тоа што Мадрид издвојува само 1,3 oтсто од БДП за одбраната, најмалку меѓу земјите на НАТО.
Трамп бара сојузниците да трошат најмалку 5 отсто од БДП за националната безбедност и предложи дури и исклучување на Шпанија од Алијансата.
И покрај остриот тон, во НАТО и Мадрид не се вознемирени. Високи воени извори велат дека претњата не се сфаќа сериозно, пишува „Политико“.
Министерката за одбрана Маргарита Роблес одговори дека Шпанија е доверлив и одговорен сојузник, потсетувајќи дека земјата 40 години е дел од НАТО и дека многу шпански војници го дале животот во меѓународни мисии.