Свет
Силен земјотрес во Иран, најмалку двајца загинати и над 240 повредени

Најмалку двајца луѓе загинаа, а над 240 се повредени во силен земјотрес што го погоди подрачјето на Иран. Потресот бил почувствуван и во Багдад, објавија локалните медиуми, пренесе Ројтерс.
People rushed to hospital after strong earthquake hit western Iran#IranEarthquake pic.twitter.com/t38tzPwyB5
— Press TV (@PressTV) August 25, 2018
Иранската агенција „Тасним“ јави дека иранскиот град Керманшах, кој се наоѓа во близина на границата со Ирак, го погодил земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер, по што следеле уште два последователни потреси со јачина од 3 степени.
Геолошкиот институт на САД објави дека е забележан земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер, на околу 88 километри западно и северозападно од Керманшах.
Ирачката државна телевизија објави дека потресот бил почувствуван и во Багдад, но засега нема податоци за повредени.
Во ноември минатата година 530 луѓе настрадаа и над илјада беа повредени во земјотрес со јачина од 7,3 степени, кој ги потресе селата и градовите во иранската покраина Керманшах, долж планинското гранично подрачје со Ирак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Европско-медитеранскиот геолошки институт.
Земјотресот се случил на околу 107 километри од градот Мориока.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу десет километри.
Европа
ЕУ ќе ги продолжи санкциите кон Русија и покрај унгарските закани

Високи дипломати на Европската унија утринава се согласија да ги продолжат санкциите против околу 2.000 руски граѓани, вклучително и претседателот Владимир Путин, многу високи политичари и бизнисмени.
Санкциите, кои мора да се обновуваат едногласно на секои шест месеци, остануваат на сила до 15 септември 2025 година.
По заканата на Унгарија дека ќе стави вето на списокот, четири лица беа отстранети од списокот, додека три лица кои неодамна починаа исто така беа избришани, велат извори од ЕУ.
Банкарскиот и енергетски тајкун Михаил Фридман, кој делумно ја доби правната битка против санкциите на ЕУ минатиот април, останува на листата, велат изворите.
Европа
Американско разузнавање: Путин нема намера да се откаже од освојување на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин не се откажува од својата цел да ја контролира Украина, и покрај напорите на САД да посредуваат за прекин на огнот, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на извори запознаени со доверливите извештаи на американските разузнавачки служби.
Според еден американски функционер, Путин и понатаму има „долгогодишна желба да ја обнови ‘Мајката Русија’ и останува решен да воспостави контрола над Киев. Оваа проценка беше меѓу разузнавачките извештаи дистрибуирани до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 6 март.
Некои официјални лица веруваат дека дури и ако Русија се согласи на привремен прекин на огнот, Москва би ја искористила паузата за повторно да се вооружи, да го прекрши договорот и да изврши провокации кои потоа ќе ги припише на Украина.
Пред три дена, за време на преговорите во Џеда, Украина се согласи на 30-дневен прекин на огнот, под услов Русија да го стори истото. Овој договор го поттикна Вашингтон да ја обнови воената и разузнавачката поддршка за Киев.
Путин вчера изјави дека Русија е подготвена да го прифати американскиот предлог за прекин на огнот, но само доколку Украина ја прекине мобилизацијата, воената обука и увозот на оружје.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли условите на Путин како „руска манипулација“ и повика на построги санкции против Москва.
Трамп, кој претходно предупреди на „погубни“ финансиски последици за Русија доколку војната се одолговлекува, вчера изјави дека изјавата на Путин е „многу ветувачка“, но „не е целосна“.
Европски разузнавач изјави за Вашингтон пост дека Москва го гледа Трамп како слаб, непринципиел и потенцијално подложен на манипулации, врз основа на неодамнешните разузнавачки информации.
Ако се постигне траен прекин на огнот, Русија најверојатно ќе се врати на „хибридните“ методи, пропагандата, економскиот притисок и сајбер нападите што ги користеше против Украина пред нејзината инвазија во 2022 година, додаде функционерот.
Американските власти и понатаму се внимателни во проценката на можните мировни услови што Путин би можел да ги прифати, но тие не гледаат индикации дека тој се откажал од своите напори да го врати Киев под руско влијание.
Западни безбедносни извори претходно за Блумберг изјавија дека Путин поставил „максималистички“ барања околу територијалните отстапки, мировните сили и украинската неутралност, свесен дека овие услови се неприфатливи за Киев и европските земји.