Свет
Силен земјотрес на Хаити, има мртви
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот дел на Хаити, при што загинаа најмалку три лица, а неколку други беа повредени, соопштија властите.
Земјотресот се случи пред зори во близина на градот Јеремија на јужниот брег на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
Тројца од загинатите се пронајдени под урнатата куќа каде спасувачите бараат повеќе луѓе, а неколку повредени деца се хоспитализирани.
Земјотресот се случи по речиси една година откако потрес од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Хаити, при што загинаа повеќе од 2.200 луѓе, а најголема штета претрпе Лес Кај.
Некои луѓе кои ги загубија своите домови минатиот август сè уште живеат во кампови.
Во земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала во близина на густо населениот главен град Порт-о-Пренс во 2010 година загинаа најмалку 200.000 луѓе и предизвика големо уништување на зградите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби
Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми.
Руската работна група, предводена од началникот на Генералниот директорат на Генералштабот на вооружените сили, адмирал Игор Костјуков, се врати во хотелот, додаваат руските медиуми.
Претходно, агенцијата ТАСС, повикувајќи се на информиран извор, објави дека преговарачките тимови во Абу Даби проучуваат и разгледуваат неколку документи за мирот во Украина, додавајќи дека „се разгледуваат и територии и гаранции и други аспекти“.
Официјални лица потврдија дека ова беше првиот состанок од почетокот на војната, пред речиси четири години, на кој присуствуваат сите три земји.
Разговорите меѓу украинската, руската и американската делегација во Абу Даби за постигнување мирно решение за Украина, кои започнаа вчера, продолжија утрово, исто така зад затворени врати.
Американскиот пратеник Стив Виткоф, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, како и секретарот на армијата во Министерството за одбрана на САД, генерал Даниел Дрискол, исто така учествуваа на трилатералните разговори во Абу Даби, а по средбата тие веднаш отпатуваа за Израел, каде ќе разговараат за иднината на Газа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потврди дека контроверзното прашање за територијата на Донбас било дискутирано на состанокот во Абу Даби.
Територијалните прашања остануваат точка на спор, бидејќи Русија бара Украина да ги предаде 20-те проценти од територијата на Доњецк што сè уште ја држи, додека Зеленски одби да се откаже од таа територија.
Свет
Се трага по четворица исчезнати мигранти кај грчкиот остров Икарија
Во близина на островот Икарија пристигнале околу 50 мигранти, но четворица од нив исчезнале. Поради ова била активирана спасувачка акција од страна на крајбрежната служба на Грција која е во тек од рано утрово за пронаоѓање на лицата.
Во потрагата се вклучени еден патролен брод, брод за пловење на отворено море, хеликоптер и приватен брод.
Свет
На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад
Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко, цитиран од Укринформ.
Температурите во градот утрината паднаа на минус 12 степени.
Во меѓувреме, стотици илјади жители во регионот Чернигов останаа без електрична енергија како резултат на истиот напад, објави регионалната енергетска компанија Черниговбленерго.
Според нејзините податоци, клучната енергетска инфраструктура во близина на градот Нижин е оштетена.
Во исто време, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига изјави дека Владимир Путин цинично наредил ракетен напад од големи размери врз Украина во услови на преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, со посредство на САД.

