Свет
Силна тридневна соларна бура ќе ја погоди Земјата наскоро
Тридневна магнетна бура ќе ја погоди нашата планета кон крајот на септември, објави лабораторијата за астрономија на Институтот за физика на Руската академија на науките.
La Tierra ya vivió una tormenta solar capaz de poner a cero nuestra civilización https://t.co/MyMcS3JC5E pic.twitter.com/hArPCdEPLR
— Sputnik Mundo (@SputnikMundo) June 22, 2018
Соларната бура ќе почне на 27 септември, а ќе заврши на 29 септември. Во текот на првите два дена нарушувањето на магнетосферата на Земјата ќе биде посилно, категорија Г2, а третиот ден ќе ослабне интензитетот на соларната бура, тврдат од Институтот.
Соларни бури од категоријата Г2 влијаат на енергетските системи, на сателитските уреди и на радиобрановите со висока фреквенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа
Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти.
Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот.
На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе.
Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек.
Свет
Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати
Американските специјални обвинители денеска побараа од судот да отфрли две кривични постапки против новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп – за обид за промена на неговиот пораз на изборите во 2020 година и за задржување доверливи документи, се вели во судската пријава.
Во предлогот од шест страници за отфрлање на случајот за мешање во изборите во 2020 година, обвинителите рекоа дека додека Трамп сè уште не е претседател, канцеларијата на генералниот совет на одделот, која обезбедува внатрешен правен совет, им кажала да го откажат случајот пред неговата инаугурацијата во јануари.
„Одамна беше ставот на Министерството за правда дека Уставот на САД забранува поднесување федерално обвинение и последователно кривично гонење на актуелниот претседател“, напиша главната заменичка на Смит, Моли Гастон.
Свет
Масакр во Турција: Убил седум лица, меѓу кои и сопственото дете
Турција ја потресе страшен семеен масакр во кој загинаа осум лица. Бахтијар Аладај уби седум лица, меѓу кои сопругата, детето, мајката, таткото, свекрвата и ја повреди сестра си, пред да се самоубие.
Телата на неговата сопруга, дете и свекрва, кои беа пријавени како исчезнати, се пронајдени покрај езерото Бујукчекмеџе. Наводно, Аладај претходно имал конфликти со сопругата поради љубомора и вежбал пукање со воздушен пиштол во својот фризерски салон во Авџилар, пренесува „Хуријет“.
Се започна во неделата, околу 16 часот и 30 минути, во квартот Јелалија на улица Чајир 1. Според информациите, 33-годишниот Бахтијар Аладај дошол во станот на неговото семејство, кој се наоѓа на приземјето на зграда на четири ката. По расправија со семејството, тој ги застрелал татко му Мухамед Аладај (65), мајката Нејмија Аладај (55) и сестрата Букет Аладај (30).
На лице место лекарски екипи ја констатирале смртта на Мухамед Аладај, додека Букет и Нејмија со повреди се пренесени во болница. И покрај напорите на лекарите, мајката на Нејми им подлегнала на повредите.
Околу 17:00 часот Аладај со автомобил се упатил до фризерскиот салон на улицата Чемил Мерич во Авџилар. Тој пукал во вработените, убивајќи го 30-годишниот Мехмед Салих Озсокук, додека неговата сопруга С.А и шурата Гохан Сојлу (34) се тешко ранети. Потоа Аладај со автомобил побегнал во Есенјурт.
Во 17:30 часот Аладај пристигнал на улицата 853 во Есенјурт, каде што го застрелал својот братучед Шадан Сердар Буке (33). Буке бил пренесен во болница, каде што починал. После тоа Аладај влегол во својот автомобил и се самоубил пукајќи си во главата.
По масакрот истанбулската полиција ја извести јавноста дека Бахтијар Аладај бил пронајден мртов во автомобил, каде што бил пронајден и пиштол. Наведено е и дека Аладај имал бројни криминални досиеја за употреба на наркотици.
Според медиумите, последни биле пронајдени телата на детето, сопругата и свекрвата. Тројцата се исчезнати, а полицијата дури подоцна ги откри телата на сопругата на Бахтијар Севим Аладај, десетгодишниот син Арсал Аладај и свекрвата Туркана Сојла во областа Тепекент покрај езерото Бујукчекмеџе.