Свет
Синди Мекејн се приклучи во советничкиот одбор на тимот за транзиција на Бајден
Синди Мекејн, вдовицата на републиканскиот сенатор Џон Мекејн, се приклучи на одборот на претседателскиот тим за транзиција на Џо Бајден, пренесува „Њујорк пост“. Како член на советничкиот одбор, Мекејн ќе го понуди своето мислење, додека тимот на демократите ги претвора неговите предизборни ветувања во политика, што може да се примени кога тој ќе стапи на должност, објави „Волстрит џурнал“.
Републиканката, чиј покоен сопруг беше сенатор од Аризона и лојалист на Републиканската партија повеќе од 30 години пред да почине од рак во 2018 година, се очекува да го советува тимот за прашања што ги засегаат жените и децата, се вели во извештајот.
Таа е втора републиканка што се пријави за официјално да го советува тимот на Бајден придружувајќи му се на поранешниот секретар за ветерански прашања во администрацијата на Обама, Боб Мекдоналд. Одборот неодамна првпат се состана и се очекува да се состане повторно во наредните неколку недели, се вели во извештајот.
Објавата доаѓа откако Синди Мекејн му изрази поддршка на Бајден во септември велејќи дека тој е единствениот кандидат во трката за кого верува дека ќе се бори за американските вредности. Таа се појави во видео во Демократскиот национален комитет во август славејќи го необичното пријателството на нејзиниот сопруг со Бајден.
Во неделата таа му ја честита победата на Бајден на изборите и го повика Трамп да го стори тоа и достоинствено да го признае поразот – како што направи нејзиниот сопруг со Барак Обама, поранешниот шеф на Бајден, кога загуби од него во претседателската трка во 2008 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

