Свет
Синот на Трамп и Меланија има само 13 години и е повисок од родителите

Синот на претседателот Доналд Трамп, Барон, ја изненади јавноста откако во медиумите се појави ретка снимка од 13-годишното момче.
Барон толку многу пораснал што дури е повисок од неговата мајка во потпетици – инаку висока 1,8 метри – и неговиот татко, кој е висок 1,9 метри. Минатата година најмладиот син на Трамп имаше 1,78 метри.
На видеото се гледа Барон, кој е повисок од неговите родители, а медиумите пренесуваат дека тој има на себе само патики. Поради правилата на Белата куќа, Барон ретко се гледа на снимки, освен ако не е во јавност со неговите родители. Сега е забележан како се враќа со нив во Белата куќа по викендот во Њу Џерси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека последниве денови го следел пазарот на обврзници и укажа дека тоа било еден од факторите кои довеле до неговата одлука да воведе 90-дневна пауза за дел од царините.
„Го следев пазарот на обврзници. Тој е многу незгоден. Го следев. Но ако погледнете сега, е одличен. Пазарот на обврзници во моментов е одличен. Но, да, синоќа видов дека луѓето станаа малку нервозни,“ рече тој.
Трамп рече и дека го гледал генералниот директор на JP Morgan Chase, Џејми Дајмон, на „Фокс Бизнис“ утринава.
„Генералниот директор даде изјава во насока на тоа дека нешто мораше да се направи во врска со царините и трговијата… Тој го разбираше тоа,“ рече Трамп.
„Тоа што се случуваше не беше одржливо. Некоj мораше да направи потег. Јас бев подготвен“, рече Трамп во изјавата што ја пренесе „Си-ен-ен“.
Во тој настап, Дајмон предупреди дека рецесија е веројатен исход од ескалирачката трговска војна што произлегува од царинската политика на Трамп.
„Никој не посакува (рецесија), но ако ја има, се надеваме дека ќе биде кратка,“ рече тој. „Мислам дека решавањето на овие царински и трговски прашања би било добра работа.“
Трамп за „Си-ен-ен“ изјави и дека одлучил да ја воведе паузата на новите реципрочни царини затоа што мислел дека луѓето почнале малку да стануваат нервозни.
„Тоа што ни се случуваше на трговски план, не само со, знаете, Кина – а Кина беше убедливо најголемиот злоупотребувач во историјата – и други исто така… но некој мораше да преземе нешто. Мораше да се запре“ рече Трамп во Белата куќа.
Тој ја пофали поддршката од другите земји погодени од царините.
„Сите сакаат да постигнат договор – некој мораше да го направи она што го направивме ние, и јас воведов 90-дневна пауза за оние што не возвратија, затоа што им рековме: ‘Ако возвратите, ќе дуплираме’,“ рече тој.
„И тоа го направивме со Кина, затоа што тие возвратија, па ќе видиме како ќе се одвива сè. Мислам дека ќе испадне одлично.“
На прашањето за изненадната промена на ставот, Трамп одговори за „Си-ен-ен“: „Мора да бидете флексибилни,“ признавајќи дека неговиот тим ги следел реакциите на пазарот.
Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно се обиде да ја претстави одлуката на Трамп како дел од долгорочна стратегија за охрабрување на земјите да преговараат, а не како случајна постапка што го потресе светскиот пазар.
Свет
Трамп вели дека има намера да направи фер договори за сите

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека има намера да постигне фер договори за сите, откако објави тримесечна пауза на сите т.н. реципрочни царини, со исклучок на Кина.
Претходно денес, американскиот министер за финансии рече дека одлуката на Трамп да ги паузира царините ќе даде време за преговори за нови трговски договори.
„Ќе се направи договор со Кина. Ќе се направи договор со секој од нив, и тие ќе бидат фер договори. Јас само сакам фер. Ќе бидат фер договори за сите. Но тие не беа фер за САД,“ рече тој пред новинарите пред Белата куќа, пренесува „Си-ен-ен“.
Трамп објави дека ги зголемува царинските стапки за Кина на 125 отсто, откако Пекинг денес најави дополнителни царини како одговор.
Трамп тврдеше дека луѓето ја искористуваат нивната земја и ги крадат со децении, иако не прецизираше за кои земји зборува.
Свет
(Видео) Во уривањето на покривот на ноќниот клуб загинаа 124 лица, меѓу нив и славна пејачка во Доминиканската република

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во главниот град на Доминиканската Република се искачи на 124 лица, соопштија денеска властите, додека потрагата по преживеани станува се побезнадежна.
Повеќе од 150 луѓе се спасени од урнатините, но властите не пронајдоа преживеани од вчера попладне по локално време. Хуан Мануел Мендез, шеф на оперативниот центар за итни случаи на Доминиканската Република, рече дека на спасувачите им требаат дополнителни 24 до 36 часа за да ја завршат својата потрага.
Nightclub ceiling collapses in the Dominican Republic, killing at least 15. pic.twitter.com/LxJKpIp5qy
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 8, 2025
Екипите за итни случаи распоредија тешка механизација за да ги забрзаат спасувачките напори. Несреќата се случила околу 45 минути по полноќ за време на концертот на популарната доминиканска пејачка Руби Перез, која е меѓу загинатите, според менаџерот и членовите на семејството. На настанот присуствуваа политичари, спортисти и други познати личности. Телото на Перез беше пронајдено утрово.
Во колапсот загинаа и поранешните играчи на МЛБ, Октавио Дотел и Тони Бланко, потврдија локалните власти.
Нелси Круз, гувернерот на северната провинција Монте Кристи, е меѓу жртвите, изјави претседателот Луис Абинадер. Круз беше сестра на поранешниот бејзбол играч Нелсон Круз, седумкратен MLB All-Star. Во несреќата загина и синот на министерот за јавни работи и врски.