Свет
Сириец два месеца живее на аеродром
Хасан ал-Контар (34), бегалец од Сирија, два месеца живее на аеродром во Куала Лумпур. Тој избегал од својата земја одбивајќи да учествува во војната.
Во последното видео што го објави на „Твитер“ вели: „Пред некој ден зборував со мајка ми. Ми рече дека ми пораснала косата и дека брадата ми е предолга, што одговара на состојбата во која се наоѓам. Се обидов да ја убедам дека сè е во ред, но не успеав. Се плашам дека брадата и косата ќе ми го прекријат лицето пред да си заминам од тука“.
Life will and must go on no matter what.. happy weekend everyone
ستستمر الحياة، يجب أن تستمر الحياة رغم قساوة الظروف.. عطلة سعيدة ? pic.twitter.com/Xm3tpXP8XN
— Hassan Al Kontar (@Kontar81) May 6, 2018
По занимање маркетинг-менаџер, Ал-Контар преживува со храна што му ја дава персоналот на аеродромот.
Тој првпат емигрирал во Обединетите Арапски Емирати во 2006 година. Кога почнала војната во 2011 година, одбил да се врати дома и да војува за својата земја. Неговата реакција ги натерала сириските власти да не му го обноват пасошот, што значи дека останал без работа и без виза во ОАЕ.
Шест години се криел додека властите не го нашле и го депортирале во Малезија каде што имал дозвола да остане три месеци. Од таму тргнал кон Еквадор, но го запреле на аеродром и не му било дозволено ниту да се врати во Малезија ниту да го продолжи патувањето.
На „Твитер“ секојдневно објавува видеа, а неговата приказна стигнала до Обединетите нации, кои ќе се обидат да преговараат со малезиските власти и да му помогнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

