Свет
Сите ѕвона на катедралата Нотр Дам повторно заѕвонија за првпат, пет години по пожарот

Ѕвоната на северната камбанарија на катедралата Нотр Дам во Париз, која пред пет години беше уништена од пожар, вчера одекнаа за првпат.
Оваа нова етапа во реставрацијата на една од најголемите катедрали на Запад, наведена како светско наследство на УНЕСКО, се одржа речиси еден месец пред нејзиното повторно отворање за јавноста на 7 декември.
– Тоа е убав, важен, симболичен чекор – изјави Филип Јост, првиот човек на институцијата одговорна за реставрација на катедралата, кој исто така присуствуваше на настанот.
Тој нагласи дека за првпат по пожарот во април 2019 година, сите ѕвона заѕвониле заедно.
За време на пожарот на 15 април 2019 година, се запали дел од северната камбанарија на катедралата, која мораше да се санира.
За да се стори тоа, осумте ѕвона сместени во оваа кула беа внимателно отстранети, исчистени од оловна прашина и обновени пред да се вратат во првобитната состојба.
Обновените ѕвона беа вратени во катедралата во средината на септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп за уривањето на дел од Белата куќа: „Тоа е музика за моите уши“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли критиките поради уривањето на дел од Белата куќа за изградба на нова балска сала, изјавувајќи дека звукот на градежните машини е музика за неговите уши, пренесе Хина.
Демократите, меѓу кои и Хилари Клинтон, го обвинија дека не ја почитува претседателската резиденција откако багерите го урнале источниот дел каде што се наоѓаат канцелариите на првата дама.
.@POTUS: "You probably hear the beautiful sound of construction to the back. You hear that sound? Oh, that's music to my ears. I love that sound… it reminds me of money. In this case, it reminds me of lack of money, because I'm paying for it." 🤣 pic.twitter.com/ukgAIGV0Ys
— Trump War Room (@TrumpWarRoom) October 21, 2025
„Градиме балска сала од светска класа. Кога го слушам тој звук, ме потсетува на пари — или поточно, на нивно отсуство, затоа што јас плаќам за тоа,“ изјавил Трамп, додавајќи дека делумно самиот ги финансира работите, додека остатокот ќе го покријат приватни и корпоративни донатори.
Хилари Клинтон го осуди проектот, порачувајќи: „Тоа не е неговата куќа. Тоа е вашата куќа. А тој ја уништува.“
Регион
(Видео) Пукање и пожар во „Чациленд“ во Белград, еден ранет, друг уапсен

Голем пожар избувна денес во центарот на Белград, во паркот „Кирил и Методиј“, познат како „Чациленд“, а според снимките од местото на настанот, густ црн чад се издига над центарот на градот.
Според првичните информации, пожарот зафатил шатор поставен пред зградата на Српското народно собрание.
Za sada po prvim informacijama gori Ćacilend. Čula se pucnjava, moguće je da ima ranjenih…. pic.twitter.com/JEAiU5WeF6
— Srđan Milivojević (@srdjanmil037) October 22, 2025
За пожарот пред пред Српското народно собрание во паркот, објави и опозициската политичарка Мариника Тепиќ.
Таа вели дека најпрво се слушнало пукање по што избил пожар.
На почетокот на видеото се гледа како еден човек куца, како да е ранет, по што неколку полицајци трчаат кон шаторите и се слушаат истрели.
Ovako je počelo u ćacilendu u 10:19
Neko je pucao iz vatrenog oružja i onda kenuo i požar iznutra pic.twitter.com/bA4ylB4JGp— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) October 22, 2025
Полицајците го повикувале напаѓачот да го фрли оружјето. Фрли го оружјето“, вика еден од нив, додека во позадина се слушаат наредби: „Легни, легни“.
Сите полицајци се засолниле и не долго потоа, пожарот започнал. Едно лице излегло од шаторот и легнало на земја.
Министерството за внатрешни работи на Србија потврди за порталот Нова.рс дека пожарот пријавен во 10:17 часот, во меѓувреме е локализиран.
Пожарникарите и полицијата се уште се на терен, а причината за пожарот ќе се утврди со истрага.
Српската радиотелевизија (РТС) неофицијално објави дека причина за пожарот е боца со гас.
Privođenje naoružane osobe ispred Ćacilenda koja je pucala. pic.twitter.com/vRbkp1ptRU
— Dalibor Jekic (@dalibor_jekic) October 22, 2025
Белградската полиција го уапсила В.А. под сомнение дека ранил маж во паркот Пионирски, извести Телеграф.рс.
Неофицијално, тие додаваат дека еден маж е ранет во ногата.
фото: принтскрин
Свет
Европскиот парламент ја поддржа забраната за увоз на руски гас и нафта

Европскиот парламент ја поддржа одлуката за започнување преговори со данското претседателство на Советот на ЕУ за забрана за увоз на руски гас и нафта, како што предложија Комисиите за меѓународна трговија и индустрија, истражување и енергетика минатата недела.
Двете парламентарни комисии одобрија нацрт-план за суспендирање на увозот на руски природен гас преку цевки и течен гас од 1 јануари, со мали исклучоци за краткорочни договори склучени – до 17 јануари, и долгорочни договори – до 1 јануари 2027 година, под услов да се склучени пред 17 јуни 2025 година и да останат непроменети.
Преговарачите од Европскиот парламент и Советот ќе започнат дискусии за постигнување договор на прво читање.