Свет
Си-ен-ен: Почнаа преговорите меѓу САД, Израел и Катар за прекин на огнот во Појасот Газа

Во Доха почнаа преговорите за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа, јави Си-ен-ен повикувајќи се на неименуван извор.
Претходно, медиумите објавија дека главните преговарачи од САД, Израел и од Катар треба да почнат преговори в недела.
Ова е прва рунда разговори на високо ниво по повеќе од два месеца, а според Си-ен-ен, американските власти се залагаат за обновување на разговорите по убиството на еден од лидерите на Хамас, Јахја Синвар.
Египет претходно предложи дводневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа за време на кој четворицата израелски заложници ќе бидат ослободени.
Тој предлог би вклучувал и ослободување неколку палестински затвореници и испорака на хуманитарна помош за Појасот Газа.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повторно повика на итен прекин на огнот велејќи дека израелските воени операции во северниот дел на Појасот Газа го прават животот на палестинското население неодржлив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нетанјаху ја одби посетата на Макрон на Израел по објавата дека ќе ја признаат Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Израел пред очекуваното признавање на палестинската држава од страна на Франција подоцна овој месец, објави израелскиот јавен радиодифузер Кан.
Се вели дека Макрон сакал да оствари кратка посета на Израел пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде што се очекува Франција да им се придружи на другите западни земји во признавањето на палестинската држава.
Сепак, Нетанјаху ја услови посетата со повлекувањето на Макрон од признавањето на Палестина, што францускиот претседател го одби.
Макрон објави на 24 јули дека Франција ќе ја признае Палестина како независна држава.
Тој рече дека официјалното признавање треба да следи во септември на Генералното собрание на Обединетите нации.
Макрон рече дека ова е одговор на сè поочајната ситуација во Појасот Газа.
фото: принтскрин
Свет
Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како „братска должност“, објави државната новинска агенција КЦНА.
Ким се сретна со рускиот претседател Владимир Путин вчера во Пекинг на маргините од прославата на капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна. Путин изрази „длабоко почитување“ кон севернокорејските војници кои се борат против Украина, додаде агенцијата.
Северна Кореја испрати војници, артилериска муниција и ракети во Русија за да ѝ помогне во војната со Украина.
Јужнокорејското разузнавање верува дека северниот сосед планира да испрати уште 6.000 војници, покрај тие илјада што веќе се во Русија. Исто така, објавија дека во рускиот регион Курск, каде што учествувале во борбите, досега загинале околу 2.000 од нив.
фото: принтскрин
Европа
Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за новинарите.
Нејзиниот коментар дојде откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе испрати европски трупи во Украина, идеја што исто така ја отфрли Германија.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“ во неделата, фон дер Лајен рече дека Европа изработува „прилично прецизни планови“ за распоредување на мултинационални сили во Украина како дел од повоените безбедносни гаранции што би биле поддржани и од САД.
„Русија нема да разговара за странска интервенција во Украина во кој било формат, што е фундаментално неприфатливо и ги поткопува сите форми на безбедност“, рече Захарова.
фото: принтскрин