Свет
Си-ен-ен објави ужасна вест за силување на седумгодишна Индијка
Малото девојче, кое има само седум години, е силувано во Индија со метална цевка за вода и се бори за живот, пренесува Си-ен-ен. Девојчето во моментов е во болница во Њу Делхи, каде што сè уште е во критична состојба по повеќечасовна операција. Мајката е со неа цело време, а името на девојчето не е познато на јавноста.
Свати Маливал, претседателка на Комисијата за жени во Њу Делхи, објави на „Твитер“дека силувачот го намамил девојчето, кое било од сиромашно семејство, во паркот во областа Шахдара во североисточниот дел на градот, а потоа ја силувал.
Just met with 7 year old rape survivor who was brutally raped in Seemapuri yesterday by a 22 year old man. He took her to a park, inserted water pipe inside her private part & then raped her. Girl is v critical, has bled incessantly & was operated upon. Mom single parent, v poor!
— Swati Maliwal (@SwatiJaiHind) September 18, 2018
Полицијата уапси 21-годишник осомничен за напад.
„Ние работиме на тоа девојчето да оздрави што е можно поскоро. Многу е тажно што силувањата на улиците на Њу Делхи не запираат и што има толку малку полициски патроли во градот”, рече Маливал за Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.