Свет
Скандал во Ватикан поради истекување информации – шефот на обезбедувањето поднесе оставка
Доменико Џани, кој е долгогодишниот шеф на обезбедувањето во Ватикан и главен телохранител на папата Франциско, денеска поднесе оставка поради истекување информации за истрагата за наводните финансиски малверзации.
Оставката на 57-годишниот Џани, поранешен припадник на италијанската тајна служба, кој беше на функција во Ватикан од 2006 година, уследи по претресот без преседан, што неговите луѓе го извршија на 2 октомври во две клучни одделенија во Ватикан – Управата за финансиски информации и Државниот секретаријат.
Оттогаш во Ватикан владее вознемиреност поради истекување на интерни полициски објави со фотографии на петмина службеници во Ватикан, вклучително и двајца вработени во Управата за финансиски информации и еден монсињор од Државниот секретаријат.
Извори во Ватикан наведуваат дека папата Франциско е лут поради што информацијата за таквата објава, која наликува на леток со „најбараните“ лица, се појави во јавноста, пренесе „Ројтерс“.
Полициската објава беше предадена на чуварите на капијата во Ватикан, со цел петтемина осомничени да не можат да влезат бидејќи „претходно беа суспендирани“.
Папата Франциско нареди истрага за истекување на информациите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

