Свет
„Скај њуз“: Телото на Кашоги било распарчано

Остатоците од телото на убиениот саудиски новинар, Џамал Кашоги што утрово беше пронајдено во дворот на саудискиот конзулат во Истанбул, било распарчано, тврди британскиот „Скај њуз“.
„Телото е исечено на парчиња, а лицето на новинарот унаказено“, наведе „Скај њуз“, повикувајќи се на свој извор.
Турските медиуми со денови шпекулираа дека Кашоги бил убиен и распарчен во саудсискиот конзулат. Саудиска Арабија по повеќе од две седмици негирање потврди дека новинарот бил убиен, но не ги призна тврдењата на Анкара дека новинарот бил мачен и распарчен, а неговото тело скриено. Ријад не ги признава ни наводите на провладините медиуми во Турција дека група од 15 лица биле испратени од Саудиска Арабија во Истанбул за да го убијат Кашоги.
Новинарот последен пат беше виден на 2 октомври како влегува во саудискиот конзулат по документи за женидба. Бројни земји и меѓународни организации се сомневаат во веродостојноста на тврдењата на Ријад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.
Свет
Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.
Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.
Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.
„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.