Свет
Службеник на шведското МНР издал визи за 100 Авганистанци на лажна основа
Вработен во Министерството за надворешни работи на Шведска се соочува со затворска казна по апсењето за издавање повеќе од 100 визи за мигранти од Авганистан на лажна основа, пренесува шведскиот радиодифузер СВТ.
Службеникот, сега поранешен вработен во Министерството, издал најмалку 121 виза за постојан престој на луѓе од Авганистан додека работел во шведската амбасада во Исламабад, Пакистан.
Според обвинителот Арне Форс, службеникот ги игнорирал очигледните предупредувачки знаци кај авганистанските баратели, вклучително и фалсификувани документи што сугерираат дека шведската компанија „Ериксон“ поканила дел од Авганистанците да учествуваат на тениски турнир.
„Мислам дека ќе побарам затворска казна“, изјави Форс за СВТ.
Адвокатот на поранешниот вработен во Министерството, Томас Бодстром, ги отфрли сите обвиненија тврдејќи дека целата работа се заснова на погрешна претстава од страна на Шведскиот миграциски одбор и дека неговиот клиент не направил грешки.
„Ова е конфликт со Законот за работните односи кој излезе од контрола“, тврди Бодстром.
Во 2018 година шведскиот Национален завод за ревизија откри многу неправилности во шведските амбасади во врска со издавањето визи. Една амбасада дури изгубила стотици визи за кои се сомневаше дека биле украдени и продадени на црниот пазар.
Шведска бележи пораст на масовната имиграција во изминатата деценија, при што земјата од 2007 година досега додели 1,2 милион визи. Миграцијата продолжува да биде главниот двигател на растот на населението во Шведска. Во 2019 година таа беше одговорна за 73 отсто од растот на населението.
Во меѓувреме, наталитетот на Шведска бележи постојан пад во последните години, а извештајот за 2018 година покажува дека просечниот наталитет е само 1,78 дете на жена.
За домородното шведско население, стапката, всушност, е малку пониска од 1,78, а кај жените со мигрантско потекло стапката на наталитет е 2,2 деца на жена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

