Свет
Сменет е најмоќниот човек по Ким Џонг-Ун
Парк Јонг-Чон ја напушти функцијата заменик-претседател на Централната воена комисија на владејачката Работничка партија и секретар на Централниот комитет на партијата.
Северна Кореја го отстрани најмоќниот воен функционер по врховниот лидер Ким Џонг-ун, објавија државните медиуми, цитира Ројтерс.
Потпретседател на Централната воена комисија на владејачката Работничка партија и секретар на Централниот комитет на партијата, беше сменет од Ри Јонг Гил на годишниот состанок на комитетот минатата недела, објави државната новинска агенција КЦНА, без да наведе причина за промената.
Пјонгјанг редовно менува членови на раководството, а партиското собрание на крајот на годината често се користи за објавување на кадровски реконструкции и важни политички одлуки, пренесува Ројтерс.
Државната телевизија го прикажа Парк Јонг-Чон како седи со наведната глава во првиот ред од салата за време на состанокот додека другите членови ги креваа рацете за да гласаат за кадровски прашања, за подоцна да го покажат неговото место празно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

