Свет
Снимени вежби на кинески паравоени формации на границата со Хонгконг
Стотина припадници на кинеската Народна вооружена полиција (ПАП) се забележани како вежбаат на стадион во Шенжен, кинески град на границата со Хонгконг, а американскиот Стејт департмент изрази загриженост дека може да бидат испратени во тој автономен регион, кој е посебна кинеска административна област, за да ги задушат тамошните антивладини протести.
Сепак, западните и азиските дипломати во Хонгконг велат дека Пекинг нема волја да ги испрати ПАП или Народноослободителната армија (ПЛА) на улиците на овој град, кој е поранешна британска колонија.
Вежбите беа забележани во четвртокот на стадион во Шенжен, а известувачот на „Ројтерс“, кој се наоѓал во близина, слушнал извици и свирежи.
The Chinese military, believing in the intel and these videos, have set in place a comprehensive military operation targeting the situation in #HongKong. #HongKongProtests #China #Democracy pic.twitter.com/QWFM11XYKC
— Alexandre Krauss (@AlexandreKrausz) August 12, 2019
Според извештајот, паркингот пред стадионот бил исполнет со стотици воени возила, вклучувајќи камиони за воени единици, оклопни автобуси и џипови и возила со водени топови.
И кинеските државни медиуми во неколку наврати информираа за вежбите во Шенжен.
„Глобал тајмс“, националистички таблоид поврзан со Комунистичката партија, објави видео од воени возила кои влегуваат во градот.

Весникот информира дека возилата пристигнале поради вежби од големи размери, а неговиот уредник Ху Ксин на „Твитер“ напиша дека е тоа е јасна порака за демонстрантите во Хонгконг.
Неколкунеделните антивладини протести беа поттикнати од конторверзниот закон за екстрадиција на граѓани од Хонгконг кој би овозможил да им се суди во Кина, каде што поддржувачите на протестот сметаат дека никогаш не би добиле правично судење.
Од тогаш демонстрациите се претворија во израз на незадоволство од владеењето на премиерката на Хонгконг, Кери Лам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фон дер Лајен планира да ја посети Австралија за договор за безбедност и трговија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, планира да патува во Австралија овој месец со цел да склучи договор за безбедност и трговија, изјави извор запознаен со преговорите.
Нејзината посета ќе следи по состанокот меѓу европскиот комесар за трговија, Марош Шефчовиќ, и неговиот австралиски колега, Дон Фарел, кој ќе се одржи во Брисел следната недела, изјави друг извор, објави бриселскиот портал „Политико“ без да ги именува соговорниците бидејќи распоредот на состанокот е сè уште неизвесен.
ЕУ и Канбера се стремат да ги обноват трговските разговори кои пропаднаа на крајот од 2023 година поради несогласувања околу квотите за говедско и јагнешко месо.
Преговорите меѓу Канбера и Брисел за квотите сè уште се во тек, изјави извор запознаен со разговорите.
Фон дер Лајен ќе отпатува со 20-часовен лет до Австралија директно по учеството на Минхенската безбедносна конференција, која се одржува во тој германски град од 13 до 15 февруари, објави австралискиот дигитален весник „Најтли“, кој прв ја објави веста за четиридневната посета на шефот на Европската комисија.
Минатиот декември, земјите од ЕУ ја овластија Комисијата да преговара за договор за одбрана со Австралија.
Склучувањето на таков договор би следело по потпишаните безбедносни и одбранбени партнерства со Велика Британија, Канада и неодамна со Индија.
Договорот со Австралија би бил успех за ЕУ, бидејќи би обезбедил пристап до огромните резерви на стратешки минерали во земјата.
Австралија е најголемиот производител на литиум во светот и има втори најголеми резерви на бакар во светот.
Свет
(Видео) Поранешниот принц Ендру се исели од резиденцијата во Виндзор
Под товарот на новите откритија во случајот со осудениот педофил Џефри Епстин, поранешниот принц Ендру го напушти својот луксузен дом во Виндзор и се пресели во кралскиот имот Сандрингам во источна Англија, објави Би-би-си.
Поранешниот принц наводно вчера ја напуштил кралската резиденција „Ројал Лоџ“, објави Би-би-си, додека АФП објави дека Бакингемската палата одбила да ја потврди информацијата.
Би-би-си објави дека Ендру привремено престојува во објект на имотот Сандрингам додека се реновира неговиот нов дом.
На братот на кралот Чарлс III му беше наредено да ја напушти луксузната вила каде што живеел повеќе од две децении со неговата поранешна сопруга Сара Фергусон во октомври, откако му беа одземени кралските титули поради пријателството со Џефри Епстин.
Притисокот врз Ендру Маунтбатен-Виндзор се засили во последните денови откако се појави во нови документи за Епстин објавени од Министерството за правда на САД во петокот.
Меѓу новите компромитирачки документи се и фотографии од него како клечи над жена, како и е-пошта со која Епстин е поканет во Бакингемската палата на „приватен“ состанок.
Британскиот премиер Кир Стармер реагираше на откритијата, велејќи дека поранешниот принц треба да сведочи пред американскиот Конгрес за злосторствата на покојниот педофил.
Вирџинија Џуфре, жртва на Епстин, тврдеше дека била принудена да има сексуални односи со Ендру три пати. Тој ѝ платил мултимилионска отштета во 2022 година, но не се изјаснил за виновен.
Друга жртва на Џефри Епстин преку својот адвокат изјави дека американскиот педофил ја испратил во Велика Британија во 2010 година за да има сексуални односи со Ендру во неговата резиденција „Ројал Лоџ“, во близина на замокот Виндзор.
Портпаролот на британската локална полиција во вторник вечерта изјави дека тие „ќе ги истражат овие информации“, но дека ниту жената ниту нејзиниот адвокат не контактирале со полицијата.
Свет
Амбасадата на САД во Куба со предупредување до своите граѓани: Подгответе се за протести и недостиг на електрична енергија
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Куба ги предупреди своите граѓани во таа земја да се подготват за можни антиамерикански протести спонзорирани од кубанската влада, како и за значителни прекини предизвикани од прекини на електричната енергија и недостиг на гориво.
Во соопштението се наведува дека на некои американски граѓани им е забранет влез по пристигнувањето и дека оние кои се или планираат патување во Куба треба да преземат мерки на претпазливост, штедејќи гориво, вода, храна и батерии за мобилни телефони, бидејќи прекините на електричната енергија се секојдневна појава поради нестабилната национална електрична мрежа, објавува Ројтерс.
Предупредувањето дојде откако САД ги блокираа пратките на нафта за Куба, вклучително и оние од Венецуела, што доведе до зголемување на цените на храната и транспортот и сериозен недостиг на гориво.
Заменик-министерот за надворешни работи на Куба изјави дека Куба и САД комуницираат, но дека размените сè уште не се формализирани како дијалог, објавува Танјуг.

