Свет
Советниците на Трамп сметаат дека во САД од вирусот ќе умрат меѓу 100.000 и 240.000 луѓе
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изрази надеж дека Соединетите Држави наскоро ќе забележат попуштање на кризата со коронавирусот во некои жаришта, но неговиот тим на здравствени експерти не е оптимистичен.
Најпогодената држава Њујорк вчера соопшти дека за првпат во една недела починале малку помалку луѓе отколку претходниот ден. Но, бројката е сè уште голема, со речиси 600 нови смртни случаи и над 7.300 нови инфекции.
„Можеби тоа е добар знак“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Трамп ги смета овие бројки за индикација дека Американците почнуваат да ја гледаат светлината на крајот од тунелот.
Ентони Фаучи, експерт во тимот кој Трамп го состави за борба против коронавирусот, вели дека ќе бидат потребни неколку недели во кои луѓето ќе ги почитуваат одредбите за социјално дистанцирање и мерките за домашен престој за да се забави ширењето на вирусот.
Тој не се спротивстави директно на претседателот, кој често се критикува дека зазема попозитивен став отколку што е оправдано.
„Она што го слушате за потенцијално светло на крајот на тунелот не го порекнува фактот дека може да биде многу лошо утре и во следните денови“, рече Фаучи.
Здравствените експерти на Белата куќа проценуваат дека меѓу 100.000 и 240.000 Американци ќе умрат, дури и ако мерките доследно се спроведат.
Вчера гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека бројот на хоспитализации е за половина помал од претходните 24 часа, но предупреди дека сè уште не е познато дали кризата го достигнала својот врв во оваа сојузна држава, со 4.159 мртви и повеќе од 122.000 инфицирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

