Свет
Советот за безбедност бара итен прекин на сите воени операции во Либија
Советот за безбедност на ОН ги повика силите на непризнаената либиска национална армија, со која командува Калифа Хафтар, да ги прекине сите воени операции, објави „Ројтерс“.
Оттаму предупредија дека воените активности се закана за стабилноста на земјата. Члекните на Советот изразија поддршка кон напорите за помирување во Либија, кои ги водат генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и специјалниот претставник во земјата Гасан Саламе.
Грманскиот амбасадор во ОН, Кристоф Хојсген, кој е претседател на Советот, истакна дека ги повикуваат сите страни повторно да почнат дијалог, да ги почитуваат своите обврски и да дејствуваат во рамките на ОН.
Силите на Хафтар, кои го контролираат источниот дел на Либија, во четвртокот почнаа офанзива кон Триполи за да го преземат главниот град, каде што е седиштето на меѓународно признаената влада на чело со Фаез Ал Сараџ.
Во Либија по убиството на долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи во 2011 година, владеат две влади. Едната од нив е меѓународно признаена, во Триполи, и ја предводи Фаез ал Сараџ. Другата е во Бенгази, предводена од командантот на самопрогласената Либиска национална армија Халифа Хафтар, составена од офицери и војници што ја напуштиле редовната либиска армија за време на Гадафи. Хафтар ја напушти армијата на Гадафи во 80-тите години и помина речиси 20 години во САД, по што се врати во Либија во 2011 година и го предводеше оружениот бунт против Гадафи, кој доведе до негово соборување и убиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

