Свет
Советот за безбедност ќе гласа за резолуциите на САД и Русија за Сирија

Русија и САД ќе претстават пред Советот за безбедност на Обединетите нации различни резолуции што се однесуваат на наводниот хемиски напад во Сирија.
Се очекува членките на Советот за безбедност да гласаат за резолуциите на престојниот состанок што ќе се одржи вечерва.
Медиумите шпекулираат дека Русија подготвила двe нацрт-резолуции. Наводно, со едната од нив ја оспорува онаа што ја предложија САД и бара истрага, а другата се однесува на поддршка на Организацијата за забрана на хемиското оружје да испрати истражувачи на местото каде што дошло до наводен напад.
Нападот се случи во саботата. САД и ЕУ тврдат дека нападот го извеле владините сили на Сирија, чиј сојзуник е Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Новинар: Како се справувате по смртта на Кирк? Трамп: Многу добро, градиме сала за бал

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, беше уапсен во четврток навечер и јавно идентификуван во петок.
Тој беше уапсен во четврток навечер околу 22 часот по локално време по 33-часовна потера, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше прашан од новинарите пред Белата куќа како се чувствува.
„Господине претседателе, мое сочувство. Мое сочувство за загубата на вашиот пријател Чарли Кирк. Како се справувате во последниот ден и половина, господине?“, го праша новинарот Трамп.
„Мислам, многу добро. Патем, ги гледате ли сите тие камиони таму? Тие штотуку почнаа со изградба на новата балска сала за Белата куќа, што е нешто што се обидуваат да го добијат, знаете, околу 150 години. И ќе биде прекрасна. Апсолутно величествена градба. Само што почнавме, па ќе биде многу убаво завршена. И всушност ќе биде една од најдобрите во светот“, одговори Трамп.
“My condolences on the loss of your friend Charlie Kirk. How are you holding up?” – Reporter
“I think very good. And by the way, you see all the trucks? They just started construction of the new ballroom for the White House.” – Donald Trump
— Spencer Hakimian (@SpencerHakimian) September 12, 2025
Чарли Кирк, 31, беше контроверзна фигура во американската политика, која многумина ја сметаат за иднината на конзервативизмот поради неговата способност да ги мотивира младите луѓе. Тој беше клучен организатор во коалицијата МАГА на Доналд Трамп и помогна Трамп да се врати во Белата куќа за втор мандат.
Кирк беше силен застапник на правата за оружје, жестоко се спротивставуваше на абортусот, ги критикуваше правата на трансродовите лица и промовираше лажни тврдења за Ковид-19. Неговите ставови предизвикаа поларизација на универзитетите, каде што неговите провокативни говори привлекоа и бројни поддржувачи и гласни противници.
Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.