Свет
Сопругата на уапсениот украински опозициски политичар: Разменете го за заробените британски доброволци

Оксана Марченко, сопругата на опозицискиот украински политичар, Виктор Медведчук, кој неодамна беше фатен во Украина, објави видео во кое им се обраќа на семејствата и пријателите на Ејден Аслин и Шон Пинер, британски доброволци кои неодамна беа заробени од руските сили.
„Во ваша моќ е да побарате од британскиот премиер Борис Џонсон да влијае врз украинското раководство и да ги ослободи Ајден и Шон со тоа што ќе ги размените за украинскиот опозициски политичар уапсен од украинските власти, мојот сопруг Виктор Медведчук“, рече Оксана Марченко.
Апелот на Оксана Марченко на социјалните мрежи го коментираше и Марија Захарова, портпаролка на руското МНР.
„Британскиот премиер Борис Џонсон, кој неодамна го посети Киев, секако е свесен што се случи со поданиците на нејзиното височество (алудирајќи на британската кралица Елизабета, op. Cit.). Тој сигурно ќе одговори, зар не?“, напиша Захарова.
„Во меѓувреме, британскиот министер за надворешни работи може да ја искористи можноста да објасни што точно правеле британските граѓани во Мариупол со неонацистите“, додаде Захарова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“