Свет
Со халал-данок и арапски јазик против исламскиот фундаментализам во Франција?
Париска експертска група во својот извештај го истакнува напредокот на исламистичката идеологија меѓу муслиманите во Франција и укажува дека салафистичкиот ислам може да биде искоренет преку халал-данок и изучување на арапскиот јазик во француските училишта, пренесува „Локал“.
Според извештајот објавен во неделата од францускиот „Институт Монтењ“, салафизмот – радикална гранка на исламот која повикува на шеријатски закон на светско ниво – има монопол врз исламската верска мисла во континентална Франција.
Авторот Хаким ел Карауи, консултант во парискиот тинк-тенк, укажува на Турција и Саудиска Арабија како главни извори на финансирање за ширење на оваа радикална школа на размислување во Франција и меѓу муслиманското население во Европа. Студијата на „Монтењ“ истакнува дека ова финансирање плаќа за промовирање на арапското учење кај француските муслимани во институциите што имаат обележан фундаменталистички политичко-религиозен став, а не само лингвистички, се вели во извештајот.
„Преку овие недефинирани исламски училишта се зголемува индоктринацијата на салафистите во Франција, особено кај младите под 35 години“, сугерира Ел Карауи.
Наместо да побараат целосна забрана за салафистичките училишта, од Институтот повеќе би сакале да ги победат во сопствената игра. Ел Карауи предлага француската влада да го вклучи арапскиот јазик во наставната програма така што индоктринирачките училишта ќе станат излишни.
Бројот на учениците што учат арапски во средните и средните училишта во Франција се преполови, но стапката на ученици во џамиите се зголемила десетпати“, објаснува Ел Карауи.
Либералниот тинк-тенк предлага и создавање официјална муслиманска асоцијација за исламот во Франција преку која се надева дека ќе го искорени тајното фундаменталистичко движење во земјата.
„Идејата е да се создаде неутрална организација, независна од која било муслиманска земја, ослободена од контрола на оние што се одговорни за француските џамии и француската држава. Целта е да се неутрализираат каналите за финансирање (за исламот во Франција)“, изјави Ел Карауи за РТЛ.
За ова тинк-тенкот предлага воведување данок на халал ба прехранбени производи и на другите услуги за муслиманите што ќе ѝ овозможат на асоцијацијата да биде самодоволна.
„Државата не наметнува данок на халал, па со овој данок би управувала асоцијацијата, а системот е инспириран од данокот на кошер за еврејската заедница со кој управуваат рабините што ги сертифицираат кошер-производите. Спротивно на јавното мислење, муслиманите се побогати и многу ја практикуваат религија и затоа сè повеќе пари се поврзани со потрошувачката: аџилак, халал, муслимански подароци. Ова е данок што може да го организира муслиманската заедница за муслиманската заедница“, рече Ел Карауи, кој е поранешен банкар.
Според него, спречувањето на ширењето на исламскиот фундаментализам во Европа во голема мера зависи од самите муслимани, кои треба да му се спротивстават на екстремизмот и да воспостават структури што промовираат поголема отвореност.
Предложените мерки на тинк-тенкот секако имаат свои критичари, како што е претставникот на францускиот Сенат од францускиот департман Ванде, Бруно Малело, кој објасни дека институционализацијата или национализацијата на исламот во Франција е опасна бидејќи е спротивна на францускиот закон за одвојување на религијата и државата.
„Државниот данок на халал би бил неуставен. Конкордатскиот ислам е ќор-сокак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026
Свет
Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
Ден на жалост во Сараево по трамвајска несреќа е прогласен од Владата на Кантонот Сараево откако трамвај излета од шините во централното градско подрачје, при што едно лице го загуби животот, а повеќе лица беа повредени, соопштија надлежните институции по одржаната вонредна седница.
Одлуката следуваше по силните реакции во јавноста и барањата трагедијата да биде официјално одбележана. Во несреќата животот го загуби 23-годишен студент кој се наоѓал на трамвајска постојка во моментот на инцидентот. Дел од повредените се задржани на болничко лекување, а за една малолетна девојка се наведува дека се здобила со тешки телесни повреди.
Надлежните органи отворија истрага за да се утврдат причините и околностите под кои дошло до излетувањето на трамвајот. Институциите најавија дека по завршувањето на постапката ќе бидат соопштени дополнителни информации.
Со одлуката за Ден на жалост се предвидува знамињата да бидат спуштени на половина копје и да се откажат или одложат јавните настани на територијата на кантонот.

