Свет
Спонзорите на Роналдо загрижени за обвинувањата за силување
Американскиот производител на спортска опрема „Најк“ и компанијата„ ЕА Спортс“, која се занимава со правење компјутерски игри, кои се меѓу спонзорите на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, изразија загриженост поради обвинувањата за силување од 2009 година и обновената истрага за случајот.
Фудбалерот ги отфрли обвинувањата на 34-годишната Кетрин Мајорга, поранешна учителка, која тврди дека тој ја силувал во неговиот апартман во Лас Вегас. Роналдо прати порака преку Твитер дека ,,неговата совест е мирна и дека смирено ќе ги чека резултатите од истрагата”.
Но, „Најк“, кој со Роналдо има случено договор вреден милијарда долари, не е подготвен така лесно да помине преку обвинувањата со кои се соочува 33-годишниот фудбалер на Јувентус.
,,Загрижени сме за вознемирувачките обвинувања и ќе го продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата”, се вели во соопштението на светски познатиот производител на спортска опрема. Слично соопштение издаде и компанијата „ЕА Спортс“.
Приказната за Мајорга и нејзините обвинувања за силување ги објави германскиот неделник „Дер Шпигел“. Таа случајот го пријавила во полиција истиот ден кога се случил инцидентот, но тогаш не сакала да го открие името на напаѓачот. Потоа вонсудски се спогодила со претставници на Роналдо дека случајот нема да излезе во јавност, за што ѝ биле исплатени 375 илјади долари. Но девет години подоцна таа одлучила да се реотвори случајот и да го открие името на напаѓачот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

