Контакт

Свет

Постојат сигурни докази дека во Сирија имало напад со хемиско оружје, тврдат американски медиуми

Објавено пред

Американски научници добиле примероци од крв и урина на жртвите од нападот во сирискиот град Дума, кои наводно покажале дека во истиот било користено хемиско оружје, пренесува телевизијата MSNBC.

dobivaj vesti na viber

Од друга страна, сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари, за новинарите изјави дека два истражни тима на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) допрва треба да пристигнат во Сирија за да ги испитаат наводите за нападот во Дума.

„Овие две групи ќе пристигнат во Сирија одвоено… Ние сме подготвени да ги испратиме до местото каде што сакаат да одат, кога и да посакаат“, рече Џафари. Сепак, од OPCW и натаму официјално го немаат потврдено испраќањето нивни тимови во Сирија.

Сириските власти, пак, истакнуваат дека Западот ќе биде одговорен за секое одложување на мисијата на OPCW за испитување на наводниот хемиски напад во земјата. Неименуван извор од сириското Министерство за надворешни работи за државната телевизија изјавил дека западните земји се обидуваат да ја попречат мисијата на OPCW и да се вмешаат во нејзината работа.

Дума е последниот град во областа Источна Гута контролиран од бунтовниците, а во петокот сириската армија почна жесток напад, при што наводно загинале десетици луѓе. Сириската бунтовничка група Џжаиш ал Ислам во саботата ги обвини владините сили дека фрлиле буре-бомба со токсични хемикалии врз населба во Дума, при што имало многу мртви и повредени цивили.

САД, Велика Британија и Франција ги обвинуваат сириските владини сили дека стојат зад наводниот напад со хемиско оружје во Дума и се заканија со ракетен напад поради кршењето на меѓународните конвенции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мелони: Му се јавив на Трамп и му кажав што мислам

Објавено пред

Иако Италија можеби не е меѓу земјите на кои им се закануваат новите американски царини, премиерката Џорџа Мелони изјави дека одлуката на Доналд Трамп ја смета за „грешка“.

dobivaj vesti na viber

Во изјава за новинарите за време на нејзината посета на Јужна Кореја, Мелони потврди дека својот став му го пренела лично на Трамп неколку часа претходно.

„Разговарав со Трамп и му кажав што мислам. Зголемувањето на царините против нациите што одлучија да придонесат за безбедноста на Гренланд е грешка, и не се согласувам со тоа“, рече Мелони.

Италијанската премиерка додаде дека за споменатите царини разговарала директно со Трамп.

„Мислам дека беше заинтересиран да слуша, но ми се чини дека пораката која доаѓа од оваа страна на Атлантикот не беше доволно јасна за Америка“, изјави таа, без да открие како Трамп реагирал на нејзините зборови.

Мелони посочи дека веројатно дошло до „проблем во разбирањето и комуникацијата“ меѓу Европа и САД околу одлуката на неколку европски држави да распоредат ограничен број војници на Гренланд.

Таа нагласи дека таа одлука не треба да се толкува како „антиамериканска“ и додаде дека „дијалогот мора да продолжи, а ескалацијата да се избегне“.

Прикажи повеќе...

Свет

Данската премиерка му одговари на Трамп: Европа нема да биде уценувана

Објавено пред

Европа нема да биде уценувана со царински закани од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави премиерката на Данска, Мете Фредериксен.

dobivaj vesti na viber

„Кралството Данска добива голема поддршка. Истовремено, сега е уште појасно дека ова прашање ги надминува нашите национални граници“, наведе таа.

„Токму затоа е уште поважно цврсто да стоиме зад темелните вредности врз кои е изградена европската заедница. Ние сакаме соработка, а не сме ние тие што бараат судир“, додаде Фредериксен.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешниот шеф на НАТО: Освојувањето на Гренланд би значело крај на светскиот поредок

Објавено пред

Насилното преземање на Гренланд од страна на САД би значело „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен дански премиер Андерс Фог Расмусен, пренесува „Фајненшел тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Расмусен го спореди јазикот што го користи Доналд Трамп за Гренланд со јазикот на „гангстери“ во Русија и Кина, кои САД, според него, би требало да се обидат да ги контролираат.

„За мене тоа беше болен процес. Од детството ги сметав САД за природен водач на слободниот свет. Дури зборував за САД како за светски полицаец“, изјави Расмусен, кој испратил дански трупи да се борат заедно со САД во Авганистан.

„Сега гледаме дека САД користат јазик што е прилично сличен на гангстерите што треба да ги контролираат – во Москва, Пекинг итн.“, додаде тој.

Расмусен исто така предупреди дека ваквите поделби на Запад му одат во прилог на Кремљ.

„Убеден сум дека Москва се надева Гренланд да стане санта мраз што ќе го потопи НАТО“, рече тој, заклучувајќи: „Значи, ова е прашање што оди подалеку од Данска и Гренланд… Освојувањето на Гренланд би било крај на светскиот поредок каков што го познаваме.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ2 часа

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија2 часа

(Видео) Стојаноски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев да им ја продаде болницата под цената за да го ослободат од обвиненија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, и на денешната прес-конференција  побара Јавното обвинителство итно да ги провери наводите за притисок врз...

Македонија2 часа

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Свет4 часа

Поранешниот шеф на НАТО: Освојувањето на Гренланд би значело крај на светскиот поредок

Насилното преземање на Гренланд од страна на САД би значело „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, изјави поранешниот...

Македонија6 часа

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет6 часа

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет7 часа

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија1 ден

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија1 ден

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ1 ден

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија1 ден

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет1 ден

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет1 ден

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт2 дена

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет2 дена

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 дена

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија2 дена

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија2 дена

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...