Свет
Според Мајк Помпео, нема директни докази дека принцот го наредил убиството на Кашоги
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, вчера изјави дека, врз основа на разузнавачките податоци што ги видел, не постојат директни докази дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман е поврзан со убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Турција.
Помпео и секретарот за одбрана, Џим Матис, за убиството на Кашоги ги информираа сенаторите, кои изразија загриженост дека директорот на ЦИА, Џина Хаспел, не присуствуваше на брифингот, затворен за јавноста, јавува „Гласот на Америка“.
Матис им кажа на сенаторите дека „клучната“ улога на Саудиска Арабија во одржување на стабилноста на Блискиот Исток не може да се негира, дури и кога САД бараат да одговараат виновниците за убиството на Кашоги.
Според извештаите на американските медиуми, ЦИА оцени дека Салман го наредил убиството на саудискиот новинар. Риад ги отфрли овие обвиненија и ги обвини одметнатите агенти за целиот случај. Слично кажа и американскиот претседател Доналд Трамп, кој нагласи дека тоа сè уште е отворено прашање.
Помпео им кажа на сенаторите дека „влошувањето на односите со Саудиска Арабија би било сериозна грешка за американската национална безбедност и американските сојузници“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дрвја и кал во БиХ, местата зафатени од поплавите се непрепознатливи
По поплавите што вчера ја зафатија БиХ, најтешка е состојбата во општина Јабланица, каде што најголем број урнати згради и објекти се под вода, а истото е и во Трусина и Бутуровиќ Поље, јави телевизијата БХТ1.
Новинарка на телевизијата, која известува од терен, изјави дека овие места се непрепознатливи.
-Можеме да видиме само дрвја и вода, кал, се’ лебди на површината на водата, можеме да видиме загрижени жители, изјави таа и додаде дека веќе се започнати хуманитарни акции за помош на загрозените.
Според последните неофицијални податоци само на територијата на Јабланица како исчезнати се водат 48 лица, додека официјалните податоци велат дека по поројните поплави и свлечиштата кај Јабланица, Кониќ, Крешево и Кисељак, потврдена е смртта на 19 лица, а дека по многу други уште се трага.
Населението во погодените подрачја има потреба од итна помош, а најитни се конзервираната храна и вода во шишиња.
Патната комуникација е отежната, а на места и целосно прекината.
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај.
Регион
Страшни детали од поплавите во Босна и Херцеговина, загина трудница, а брачен пар се најдени гушнати
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај. Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите во БиХ, од кои 16 се сметаат за исчезнати.
„Најмалку 16 лица од областа на северна Херцеговина во моментов се водат како исчезнати, откако беше потврдено дека исто толку луѓе загинале само на подрачјето на Јабланица“, изјави премиерот на Федерацијата на БиХ, Нермин Никшиќ.
Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.
Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.
Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит.с
Свет
Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години и дебелината кај возрасните се во пораст во голем број земји.
Западен Балкан со 10,3 отсто и Кавказскиот регион со 9,1 отсто имаат највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години, додека стапката на дебелина кај возрасните исто така се зголемува.
Вредностите на анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години ја надминуваат глобалната проценка од 29,9 отсто во Киргистан со 35,8 отсто, Таџикистан 35,2 отсто и Азербејџан 35,1 отсто.
За да се справат со овие предизвици, сите актери во Европа и Централна Азија треба да се фокусираат на квалитетот на исхраната, осигурувајќи дека сите граѓани имаат пристап до разновидна и урамнотежена исхрана.
Никој не треба да се остави зад себе. Ова мора да биде поддржано со едукативни и кампањи за подигање на јавната свест кои поттикнуваат поздрав и поодржлив избор на храна, се додава во соопштението.