Свет
Стапија на сила американските санкции за Иран, Техеран најави кршење на санкциите
Американските санкции за Иран, кои првично беа укинати со потпишувањето на нуклеарниот договор во 2015 година, денеска повторно стапија на сила.
По стапувањето на сила на санкциите, официјален Техеран објави дека ќе ги прекрши и ќе продолжи да ја продава својата нафта.
„Америка сакаше да ја доведе продажбата на иранската нафта на нула, но ние ќе продолжиме да ја продаваме нафтата… да ги кршиме санкциите”, изјави иранскиот претседател, Хасан Рохани, за време на состанокот со економистите во земјата кој државната иранска телевизија го пренесуваше во живо, објави „Ројтерс“.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ги бранеше санкциите наметнати врз Иран од критиките на конзервативците, кои тврдат дека треба повеќе да се направи за да се изолира оваа земја.
Помпео во интерјву за „Фокс њуз сандеј“ одби да открие кои земји се изземени од санкциите, со цел да продолжат да увезуваат иранска нафта.
Шефот на американската дипломатија тврди дека и покрај исклучоците, санкциите веќе имале големо влијание и додаде дека политиката на максимален притисок ќе биде ефективна од денес.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран претходно оваа година и почна да наметнува санкции за Техеран. Помпео вели дека санкциите имаат за цел да го променат однесувањето на иранскиот режим, особено во однос на поддршката кон групите како Хезболах.
Трамп вчера изјави дека санкциите кон Иран се најсилни во САД досега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа уште една рафинерија во Русија
Нафтена рафинерија во рускиот град Славјанск на Кубан во Краснодарската област беше потресена од силни експлозии синоќа. Се верува дека украинските сили ја нападнале со беспилотни летала. Речиси истовремено, непосредно пред полноќ, беше пријавен и напад со беспилотни летала во Саратовската област, објавува „Киев Индепендент“.
Славјанск на Кубан се наоѓа во јужна Русија, недалеку од Азовското и Црното Море, додека Саратовската област во својата најблиска точка е на околу 330 километри од североисточната украинска граница. Киев сè уште не ги коментирал нападите, а информациите сè уште не се независно потврдени.
Украина редовно извршува напади врз руската воена и енергетска инфраструктура со цел да ја ослабне борбената моќ на Москва во тековната војна. Бидејќи рускиот енергетски сектор директно ги финансира воените напори на Кремљ, Киев ги смета енергетските објекти за легитимни воени цели.
Овие напади следат по големиот напад на украинските сили врз руските воени и нафтени објекти на 14 декември, погодувајќи цели низ Русија и на окупираните територии, вклучувајќи го и Крим, како што објави Генералштабот на Украина. Само два дена претходно, на 12 декември, беше потврден и нападот врз рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарослављ, една од петте најголеми во Русија.
Во меѓувреме, гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на 14 декември тврдеше дека украинскиот ракетен напад врз градот Белгород предизвикал „сериозна штета“ на локалната инфраструктура.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос

