Свет
Стивен Коен: „Рашагејт“ е најголема закана за американската национална безбедност
Системската американска русофобија која го постигна својот надор со „Рашагејт“, предизвика катастрофа и за домашната политика и за надворешните односи што ја загрозува иднината на американскиот систем, вели професорот од Универзитетот во Њујорк, Стивен Коен за РТ.
„Војна со Русија би можела лесно да избие ако САД инсистираат на спроведувањето на политиката на демонизација од која се изроди ‘Рашагејт’ наместо да се вратат кон соработка“, вели Коен.
Додека НАТО намерно ја антагонизираше постсоветска Русија со проширување до нејзините граници, САД распоредија системи за ракетна одбрана по должина тие граници по укинувањето на договорот за оружје, оставајќи го претседателот Владимир Путин без илузии за добрата волја на Западот, но вооружен со нуклеарни проектили кои можат да го избегнат секој систем за противракетна одбрана.
„Сега е време за сериозен нов договор за контрола на оружјето. А што добиваме наместо тоа? Рашагејт“, вели тој.
Коен верува дека теоријата на заговор – која останува на насловните страници во американските медиуми и покрај тоа што е целосно дискредитирана како од страна на независни истражители така и од извештајот на специјалниот советник Роберт Мјулер – е дело на ЦИА и на нејзиниот поранешен директор Џон Бренан, кои се против каква било соработка со Русија.
Јавниот обвинител Вилијам Бар, кој го истражува ФБИ за тоа како почнала контраразузнавачката истрага во 2016 година, треба да ги истражи Бренан и неговата агенција, вели Коен.
„Ако нашите разузнавачки служби се надвор од контрола до тој степен што најпрво можат да се обидат да уништат претседателски кандидат, а потоа и претседател, ние треба да го знаеме тоа”, вели Коен. „Ова е најлошиот скандал во американската историја, барем од Граѓанската војна”, нагласува Коен.
Штетата што ја предизвика оваа катастрофа не запре на американската граница.
„Идејата дека Трамп е руски агент е катастрофална за нашите сопствени институции, за претседателството, за нашиот изборен систем, за Конгресот, за американските мејнстрим-медиуми, а да не ја спомнуваме штетата што е направена на американо-руските односи”, вели Коен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

