Контакт

Свет

Столтенберг: Има стравувања дека Русија ќе ја исценира причината за нападот

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека постојат стравувања оти Русија би можела да исценира причина за воен напад врз Украина и дека НАТО има информации за присуство на голем број руски разузнавачи во моментно разгорениот регион Донбас.

dobivaj vesti na viber

„Не знаеме кои ѝ се намерите на Русија и што ќе се случи. Она што го знаеме е дека Русија ги собра во и околу Украина најголемите сили видени во Европа со децении“, рече Столтенберг.

Тој нa вториот ден од разговорите на министрите на одбранбената членка на НАТО нагласи дека алијансата има информации од теренот внимателно да го следи развојот на ситуацијата во и околу Украина и да ги изнесе на виделина руските планови и дезинформации.

Свет

Пристигна првата реакција на Зеленски: Ти благодарам Америка, ти благодарам Трамп

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се вклучи на мрежата Х откако неговата посета на американскиот претседател Доналд Трамп се претвори во фијаско.

dobivaj vesti na viber

„Ви благодариме Америка, ви благодарам за поддршката, ви благодарам за оваа посета. Му благодариме на претседателот на Соединетите држави, Конгресот и американскиот народ.

„На Украина и треба праведен и траен мир и ние работиме на тоа во моментов“, рече Зеленски.

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа беше прекината.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напушта Белата куќа по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски пред новинарите во Овалната соба.
Прикажи повеќе...

Свет

Здравствената состојба на папата е влошена

Објавено пред

Папата Франциско, кој повеќе од две недели е во болница на лекување од билатерална пневмонија, имаше „изолирана респираторна криза“ и доби „неинвазивна механичка вентилација“ за да му помогне да дише, соопшти Ватикан.

dobivaj vesti na viber

„Папата „попладнево“ доживеал „изолирана криза на бронхоспазам што доведе до повраќање и аспирација со нагло влошување на неговата респираторна состојба“, објави Франс прес.

Тој е се уште е „буден“ и свесен и продолжува со медицинските третмани.

Последната изјава беше објавена по три дена позитивни информации за подобрување на здравствената состојба на водачот на Католичката црква.

Официјален Ватикан, кој сакаше да остане анонимен, рече дека проблемот со дишењето на папата  не трае долго.

Неговите лекари очекуваат дека ќе бидат потребни меѓу 24 и 48 часа за да проценат колку новите тешкотии ќе влијаат на неговата севкупна клиничка слика, рече официјалниот претставник.

Осумдесет и осумгодишниот Френсис ги помина последните две недели во римската болница Гемели, каде што беше примен на 14 февруари со сериозна респираторна инфекција која предизвика дополнителни компликации.

Ватикан претходно пред последното влошување, објави дека здравствената состојба на папата покажува знаци на подобрување, но дека тој нема да ја предводи мисата во среда  на 5 март.

Прикажи повеќе...

Свет

Посетата на Зеленски е прекината: Трамп: Тој ги навреди САД

Објавено пред

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа е прекината.

dobivaj vesti na viber

Извор од Белата куќа потврди за Ројтерс дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напушта Белата куќа.

Информацијата доаѓа по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски пред новинарите во Овалната соба.

Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ напиша дека Зеленски „ги навреди Соединетите Американски Држави во нивната ценета Овална соба“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Посетата на Зеленски е прекината: Трамп: Тој ги навреди САД

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа е прекината. Извор од Белата куќа...

Македонија4 часа

Мир преку разговор во Украина, решение „две држави“ за Израел и Палестина – Мицкоски и Ердоган разговарале и за глобалните предизвици

За Северна Македонија и Турција клучно е  конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во...

Македонија5 часа

Мицкоски и Ердоган во Турција договорија основање на Совет за соработка на високо ниво

Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање...

Топ5 часа

Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште. Според пријавата, таа во текот на вчерашниот...

Економија7 часа

Од 1 март поскапува парното

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за „ЕСМ енергетика“...

Македонија7 часа

Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

За ескдиректорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов-Сокол, и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата...

Економија8 часа

Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска одржа прес-конференција, на која информира за мерките што ги донесе Министерството за...

Македонија9 часа

Место на шалтер, уверение за остварен доход отсега се вади електронски, автоматскиот систем ќе замени 29 службеници во УЈП

Граѓаните што имаат потреба од уверение за остварен приход, за да го извадат документот, повеќе не мора да одат на...

Македонија9 часа

Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство, бара СДСМ

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката...

Македонија10 часа

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и...

Македонија11 часа

„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од „Влен“

„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат...

Свет12 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде што се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател...

Македонија13 часа

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ13 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид,...

Свет13 часа

Израел првпат призна сериозни воени неуспеси на денот кога Хамас изврши масакр

Израелската војска го објави првиот официјален извештај за грешките што доведоа до неуспех за време на нападот на Хамас на...

Свет15 часа

Објавени документите за Епстејн; Обвинителката: Има илјадници, ФБИ не ги испрати

Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или...

Свет15 часа

Ким Џонг-ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади, објавија денеска државните медиуми. Џонг...

Македонија1 ден

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија1 ден

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...