Свет
Столтенберг ѝ одговори на Турција: Мора да бидеме заедно во овој историски момент
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повика во понеделникот вечерта да се земат предвид резервите на Турција за приклучување на Финска и Шведска во алијансата.
„Турција е почитуван сојузник и треба да се решат сите безбедносни прашања. Мораме да бидеме заедно во овој историски момент“, напиша Столтенберг на Твитер во понеделникот по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Spoke with Foreign Minister @MevlutCavusoglu about the decisions by our closest partners #Finland & #Sweden to apply for #NATO membership. #Turkey is a valued Ally & any security concerns need to be addressed. We must stand together at this historic moment.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) May 16, 2022
Шведска и Финска најавија дека ќе аплицираат за членство во НАТО за неколку дена, поттикнати од промената на геополитичката клима во Европа по почетокот на рускиот напад врз Украина кон крајот на февруари.
„Турција не може да каже ‘да’ за членството на Финска и Шведска во НАТО, без навреда, тоа е невозможно“, изјави во понеделник турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува РИА Новости.
Ердоган им порача на финската и шведската делегација: Не мора ни да доаѓате во Анкара
Тој повтори дека двете земји ги поддржуваат „терористичките организации“, вклучително и забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во Турција и курдската милиција ЈПГ во Сирија.
Ердоган претходно изјави дека „скандинавските земји се рај за терористичките организации“.
За време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин во неделата, Чавушоглу осуди неколку земји членки на НАТО за ограничување на извозот на оружје во Турција поради нејзината борба против тие групи.
Не е јасно што ќе ја спречи Турција да стави вето на членството на Финска и Шведска во НАТО, но дипломатите веруваат дека изјавите на тие земји за борбата против тероризмот и извозот на оружје може да одиграат важна улога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

