Свет
Столтенберг: НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека воената алијанса не планира да испрати борбени трупи во Украина.
Столтенберг за АП рече дека земјите членки на НАТО ѝ даваат невидена поддршка на Украина.
„Тоа го правиме од 2014 година. Сепак, нема планови за распоредување борбени трупи на НАТО во Украина“, изјави Столтенберг.
Отфрлајќи ја можноста за воена акција на НАТО, Столтенберг повтори дека рускиот напад врз Украина сериозно го крши меѓународното право и дека врз основа на тоа украинската страна има право на самоодбрана. НАТО има право да ја поддржи Украина да се брани од руската агресија, рече тој.
Пред посетата на Париз во понеделникот, каде што највисоките функционери од повеќе од 20 земји ќе разговараат за опциите за зголемување на помошта за Украина, словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека некои земји размислуваат дали да склучат билатерални договори за испраќање војници во Украина за да му помогнат на Киев да се брани од руската инвазија.
Фицо истакна дека неговата влада не планира да предложи испраќање словачки трупи во Украина, но не даде детали за тоа кои земји би можеле да размислуваат за такви аранжмани или што би направиле тие војници во Украина.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека нема да испрати војници во Украина додавајќи дека тоа во моментот не е релевантно прашање за НАТО.
„Сега сме преокупирани со испраќање напредни материјали од Шведска во Украина на многу начини, како што тоа го прават многу други земји“, изјави тој за шведските медиуми.
Како што рече, „нема такви барања од Украина“.
Коментарите на Кристерсон дојдоа еден ден откако унгарскиот парламент го одобри членството на Шведска во НАТО, речиси две години по потпишувањето на историски неутралната земја.
Чешкиот премиер Петр Фијала и полскиот премиер Доналд Туск изјавија дека нивните земји не размислуваат да испратат војници ниту во Украина.
Говорејќи на состанокот на 20 претежно европски лидери во Париз во понеделникот, Макрон рече дека во моментот нема консензус за формално испраќање војници, но рече дека оваа опција не треба да се исклучи.
„Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме сè што ни треба Русија да не победи“, рече Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

