Свет
Стотици планинари заглавени по силниот земјотрес во Индонезија

Во тек е спасување на стотици планинари на планината Ринјани на индонезискиот остров Ломбок, еден ден по силниот земјотрес од 6,4 степени што ја погоди популарната туристичка дестинација.
Најмалку 17 лица загинаа, а околу 160 се повредени во земјотресот што во неделата го погоди туристичкиот остров Ломбок, на југоистокот на Индонезија, објавија локалните власти.
Овој силен земјотрес предизвика паника, жителите бегале од своите домови, а гостите од своите хотелски соби. Земјотресот, чиј епицентар бил на длабочина од седум километри, се случил 13 минути пред полноќ, во саботата. Следеле повеќе од сто помали земјотреси, пренесе американскиот гоефизички институт.
Земјотресот се случил 50 километри североисточно од Матарам, центарот на Ломбок. Островот е популарна туристичка дестинација, а се наоѓа на стотина километри источно од островот Бали, кој исто така е омилен меѓу туристите.
Земјотресот бил почувствуван и на овој остров, каде што туристите исто така панично истрчале од хотелите.
Стотици планинари од денеска бавно се спушатаат по планината Ринјани во страв од лизгање на земјиштето што се случува по силниот земјотрес, пишува „Ројтерс“.
Спасувачките служби им помагаат на планинарите и им носат храна, вода и други потреби материјали. Според „Ројтерс“, најмалку 500 туристи се на планината и се очекува да пристигнат на подножјето за неколку часа.
Десетици планинари беа заглавени во планински куќи и во тек е акција за нивно извлекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.
Свет
Тетоважата го издаде шефот на албанската мафија, па полицијата го уапси

Уапсен е шеф на албанската мафија. Тој бил препознаен додека седел на барска маса благодарение на тетоважата на десната подлактица на која имашл полугола жена. Токму овој детаљ ѝ овозможи на полицијата дефинитивно да го идентификува.
Луша треба да отслужи десетгодишна затворска казна за водење на италијанско-албанска криминална организација специјализирана за проституција, главно од Албанија.
Во обид да избегне апсење, 52-годишникот дури и го променил своето име во официјалните документи, вклучително и во пасошот.
Сепак, овој трик не беше доволен. Долгорочната истрага и внимателната анализа на деталите им овозможија на органите за спроведување на законот да го решат случајот и да го уапсат по 19 години.