Свет
Страшни сцени во Берлин – автомобил се заби во толпа луѓе, пристигнуваат првите сведоштва
Автомобил денеска влета во група луѓе во Берлин. Податоците за жртвите и натаму пристигнуваат, а бројот на повредени многу варира во разни извештаи. Така, некои германски медиуми пишуваат за десетина повредени, а „Шпигел“ за дури триесетина ранети.
Според „Скај њуз“, најмалку едно лице загинало. „Билд“ пишува дека во несреќата учествувал еден автомобил „рено клио“. Човекот за кој се верува дека е возачот е уапсен. Местото е полно со полицајци и пожарникари.
Несреќата се случила во фреквентен дел од градот полн со продавници, недалеку од местото на кое 11 лица загинаа во сообраќајна несреќа на божикен панаѓур во 2016 година.
Some more footage from the scene. Jb pic.twitter.com/XTYDJkeaP8
— John Barrowman MBE (@JohnBarrowman) June 8, 2022
Американскиот актер Џон Бароумен по инцидентот објави фотографии и снимки на „Твитер“.
We think we have witnessed a terrorist attack here in Berlin we’re not sure there’s a lot of people dead bodies all over the place we’ve seen a car that came down the road and ended up in a storefront covering three city blocks it’s pretty horrific. #berlin pic.twitter.com/Xp1bkZBGt0
— John Barrowman MBE (@JohnBarrowman) June 8, 2022
„Мислам дека бевме сведоци на терористички напад овде во Берлин, но не сме сигурни. Има многу луѓе, телата се насекаде, видовме автомобил што налета по патот и заврши во излог. Ужасно е“, опиша тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

