Свет
Судски вештак тврди дека новиот ДНК-тест ќе го реши случајот со Медлин

Случајот со Медлин Мекан и 12 години по исчезнувањето не е решен. Експертот за судска медицина, д-р Марк Перлин, тврди дека за само една недела би можела да се реши мистеријата за исчезнувањето на девојчето ако му дозволат ДНК-тестирање со најновиот метод, пишува „Сан“.
„Ќе ни требаат една-две недели за да собереме податоци што би можеле да бидат клучни за решавање на случајот“, вели Перлин.
Мади исчезна во мај 2007 година во Португалија додека беше на одмор со своите родители. Полицијата зеде ДНК-примероци од апартманот каде што престојуваше семејството и од нивниот автомобил. Тестовите покажаа нејасни резултати пред 12 години, а Перлин тврди дека со модерните технологии може повторно да го отвори случајот.
Постојат разни теории за тоа како исчезна девојчето и каде се наоѓа. Последната теорија ја изнесе Колин Сатон, поранешен полицаец во Лондон. Тој верува дека нејзиното тело било фрлено во еден од 600 антички бунари во Праја да Луз. Во еден момент осомничени беа и родителите на девојчето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Ќе му кажам на Трамп дека не може да си дозволи да биде слаб пред Путин

Емануел Макрон вели дека планира следната недела да му каже на Доналд Трамп дека не може да си дозволи да биде слаб во лицето на Владимир Путин.
Францускиот претседател следниот понеделник треба да го посети Вашингтон, каде што вели дека ќе се обиде да го убеди Трамп дека неговиот интерес е „ист како и нивниот“.
„Ќе му кажам: „Не можете да бидете слаби со претседателот Путин. Тоа не сте вие, тоа не е ваш заштитен знак, тоа не е во ваш интерес“.
Говорејќи за време на прашања и одговори на „Х“ за Украина и европската безбедност, Макрон рече дека Трамп „создава несигурност бидејќи сака брзо да склучи договор“.
Тој додаде дека оваа неизвесност влијае на Путин, кој не знае што би можел да направи потоа американскиот претседател.
Во врска со Володимир Зеленски, кого Трамп оваа недела го нарече диктатор, Макрон рече дека украинскиот претседател е легитимен.
Тој рече дека Зеленски е избран на слободни избори, што не е случај со Путин.
Свет
Украински политичар тврди дека Америка ја прекинала испораката на оружје за Украина

Според претседателот на комисијата за одбрана на украинскиот парламент, Роман Костенко, САД престанале да испорачуваат оружје на украинската армија.
Причините за прекинот на испораката на американско оружје се непознати, а освен Роман Костенко, ниту еден друг украински функционер не се огласил по ова прашање.
„Според моите информации, оружјето што требаше да се продаде веќе не се доставува. Тие компании што требаше да го пренесат тоа оружје сега чекаат, бидејќи нема одлука“, рече Костенко.
„И сите чекаат да видат дали ќе се донесе одлука, барем да се набави оружје за пари“, додаде Костенко.
Американско-украинските односи беа значително нарушени во изминатиот период поради мировните преговори меѓу САД и Русија.
Свет
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина.
„Треба да продолжиме да ја зајакнуваме Украина за да дојде на преговарачка маса“, рече Руте на заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини во Братислава.
Тој рече дека Украина ќе бара „цврсти безбедносни гаранции“ за да се постигне траен мир, додавајќи дека земјите од НАТО веќе разговараат „што би можело да значи тоа“.