Свет
Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера за доаѓањето на Кирк на универзитетот. Тие разговарале за тоа како Кирк ширел омраза.
Осомничениот за пукањето на Чарли Кирк е уапсен, а неговиот татко одиграл клучна улога во неговото предавање, откри тој.
Според изјавите на полицајците, таткото го препознал својот син на фотографиите објавени во јавноста и веднаш го повикал да се предаде на властите. Тој го повикал и пасторот за помош, кој потоа контактирал со американската полиција, по што осомничениот бил приведен.
Осомничениот беше уапсен во четвртокот вечерта околу 23 часот по локално време во јужна Јута. Тој живеел во куќа со шест спални соби вредна 600.000 долари во Вашингтон, околу 420 километри јужно од местото на злосторството.
Неговата мајка, Амбер Робинсон, работи во „Интермаунтејн Спојкер Координејшн Сервисис“, која соработува со државата Јута за да обезбеди грижа за лицата со попреченост.
Цимерот на убиецот ги открил пораките
Спенсер Кокс рече дека клучните информации доаѓаат од пораките што осомничениот ги разменил со својот цимер.
Според Кокс, истражителите разговарале со цимерот кој им кажал што се случува. Гувернерот ја опиша содржината на спорната комуникација подетално.
„Содржината на тие пораки вклучувала пораки поврзани со контактирање на Тајлер во кои се наведува потребата да се извади пушката од складиштето, оставање на пушката во грмушка, пораки поврзани со визуелно набљудување на просторот каде што била оставена пушката и порака поврзана со оставање на пушката завиткана во пешкир.“
Во пораките, додаде Кокс, се споменуваат и куршуми, како и наводната изјава на Робинсон дека треба да се пресоблече.
Кокс, исто така, се осврна на политичките ставови на Робинсон, цитирајќи изјава од член на семејството. Според таа изјава, Тајлер Робинсон „станал политички поактивен во последните години“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

