Свет
„Тајмс“ предупредува дека Зеленски лажира победи
Британски „Тајмс“ смета дека Западот во 2023 година ќе се измори од Украина. Во овој поглед администрацијата на Володимир Зеленски би можела повторно да почне кампања за да ги убеди своите сојузници да продолжат да ја финансираат, пишува украинскиот весник „АиФ“ и пренесува „Спутник“.
Според авторот на статијата, професорот Марко Галеоти, кој има напишано повеќе од 20 книги за Русија, во Украина се свесни дека парите наменети за армијата набргу би можеле да им бидат потребни на западните земји за други работи.
Еден од украинските дипломати, пишува Галеоти, признал дека е загрижен оти во време на економски тешкотии, европските и американските гласачи би можеле да бараат буџетските средства да се трошат за внатрешни проблеми.
Еден таков алармен ѕвон за Украина беше одлуката на британскиот премиер Риши Сунак да спроведе процена на влијанието на воената помош за Киев врз вооружениот конфликт со Русија. Тоа беше објавено во средината на декември. Во превод од јазикот на меѓународната политика, Британците решија да побараат од Киев извештај за тоа каде се потрошени 3,57 милијарди долари воена помош.
„Тајмс“ претпазливо посочува дека Володимир Зеленски, кој се најде на позицијата врховен командант, не е добро упатен во воените работи. Пред една година, на 1 јануари 2022 година, се сеќава Марк Галеоти, претседателот на Украина ги минимизира опасностите од почетокот на конфликтот и се подготвуваше да оди на скијање.
Авторот смета дека Зеленски во 2023 година ќе ги насочи сите свои напори на подигнување на влоговите и демонстрација на победи за да ги оправда инвестициите на другите земји, вредни неколку милијарди долари.
Во исто време, програмата за обнова на земјата и проблемите со населението нема да бидат во фокусот на властите во Киев.
Тимот на Зеленски смета дека ова само привлекува внимание, пишува „Тајмс“. Авторот потсетува дека во својот говор на Конгресот на 21 декември Зеленски истакна дека за време на „борбата што ќе одреди во каков свет ќе живеат нашите деца и внуци“, тој сметал на разгорување на конфликтот.
Владимир Оленченко, експерт на Центарот за европски студии од Руската академија на науките, изјави за АИФ дека на крајот на минатата година ЕУ одлучила радикално да го промени форматот на помошта за Украина.
„Ако порано беше бесплатен, сега, како што најави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, ЕУ преминува во форма на кредитен заем. Со ваква структура се утврдуваат каматната стапка, условите за сервисирање на кредитот, потребата од компензација и сл. Овој однос е повеќе финансиски отколку политички“, рече Владимир Оленченко, пренесе „Политика.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Европската комисија предлага укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан
Европската комисија предложи отворање преговори со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за укинување на роаминг-надоместоците.
Како што беше соопштено, откако договорите ќе бидат финализирани и целосно усогласени со правилата на ЕУ за роаминг, нема да има дополнителни надоместоци за повици, СМС-пораки и користење мобилни податоци при патување во земјите на Европската унија.
Тоа ќе значи поврзаност по домашни цени не само за граѓаните и бизнисите од Западен Балкан кои патуваат во ЕУ, туку и за патниците од ЕУ кои доаѓаат во земјите од регионот.
Со усвојувањето на предлогот за преговарачки мандати, Комисијата бара од Советот на ЕУ одобрување за отворање преговори со земјите од Западен Балкан. По одлуката на Советот, Комисијата ќе преговара билатерални договори со секоја држава поединечно.
Предлогот има цел да ги надгради постојните доброволни договори меѓу мобилните оператори во ЕУ и Западен Балкан, кои веќе овозможуваат пониски роаминг-тарифи. Граѓаните од Западен Балкан веќе имаат намалени тарифи и при патувања во рамки на регионот, врз основа на регионалниот договор за роаминг.
Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека роаминг-надоместоците претставуваат проблем во регионот и дека „неочекуваните сметки при патување се нешто што во ЕУ повеќе не се прифаќа“, нагласувајќи дека целта е овој режим да се прошири и на Западен Балкан.
Свет
(Фото) Во документите на Епстин, објавена фотографија од Хокинг додека позира со две девојки, семејството тврди: Тоа се негователки
Семејството на починатиот научник Стивен Хокинг тврди дека жените во бикини кои позираат со него на фотографија од документите на Џефри Епстин биле негови долгогодишни негователки. На фотографијата познатиот физичар се смее, а покрај него стојат две жени кои држат, како што изгледа, овошни коктели. Како и кај многу други документи што ги објави американското Министерство за правда, не е наведен контекстот кога и каде е направена фотографијата.
Семејството: Фотографијата е од 2006 година, на Карибите
Претставник на наследството на Хокинг за „Дејли мејл“ изјавил дека двете жени биле негови „долгогодишни негователки од Обединетото Кралство“. Додал дека фотографијата е направена во 2006 година во хотелот „Риц-Карлтон“ на карипскиот остров Сент Томас. Според семејството, Хокинг позирал за фотографијата откако одржал говор за квантна космологија на научен симпозиум, на кој присуствувал и Џефри Епстин.
Семејството одбило да открие кој ја направил фотографијата и како таа се нашла во документите на Епстин. Исто така, не одговориле на прашања за односот меѓу Хокинг и Епстин, како и дали било вообичаено негователките да се грижат за него во костими за капење и при тоа да пијат коктели.

Фото: Министерство за правда на САД
Хокинг, кој почина во март 2018 година на 76-годишна возраст, повеќе од 50 години живееше со амиотрофична латерална склероза (АЛС), поради што поголем дел од животот му беше потребна целодневна медицинска грижа од тим медицински сестри.
Портпаролот на семејството изјави за „Дејли мејл“ дека професорот Хокинг дал некои од најголемите придонеси во физиката во 20 век, истовремено бил и најдолговечниот познат пациент со болест на моторниот неврон и зависел од респиратор, синтетизатор на говор, инвалидска количка и целодневна медицинска нега.
„Секоја инсинуација за непримерно однесување од негова страна е погрешна и крајно претерана“, навел портпаролот.
Хокинг бил меѓу 21 меѓународно признат научник кои во март 2006 година учествувале на конференција организирана од Епстин, пет месеци пред финансиерот првпат да биде обвинет за поттикнување на проституција.
Конференцијата со наслов „Енергијата на вакуумот која не е нула“ се одржала во хотелот „Риц-Карлтон“ на островот Сент Томас, недалеку од приватниот остров на Епстин, Литл Сент Џејмс.
Во објава на блогот на Фондацијата „Џефри Епстин VI“ било наведено дека гостите можеле „да дискутираат, да се релаксираат на плажа и да посетат блиско приватно островско засолниште на научниот филантроп Џефри Епстин, кој го финансирал настанот“. Се чини дека гостите престојувале и на Сент Томас и на Литл Сент Џејмс, каде што Епстин лично ги угостил.
Фотографии објавени во 2015 година го прикажуваат Хокинг на скара на островот, а подоцна му била организирана и тура по морското дно околу островот со подморница која Епстин ја пренаменил специјално за него.
Министерството за правда досега објавило повеќе од 3,5 милиони документи поврзани со Епстин, од вкупно повеќе од шест милиони идентификувани списи.
Свет
Стотици илјади тони какао непродадени во Африка поради високите откупни цени
Брегот на Слоновата Коска би можел до крајот на главната жетва во март да наталожи околу 200.000 тони непродадено какао доколку владата не ги намали откупните цени, тврдат трговци и експерти.
Залихите се зголемија откако владата во октомври утврди откупни цени повисоки од оние на светските пазари. Според трговците, најмалку 100.000 тони од главната жетва не се платени, а до крајот на март би можеле да се додадат уште 100.000 тони ако цените не се коригираат.
Владата на Брегот на Слоновата Коска најави дека ќе купи 100.000 тони непродадено какао за околу 500 милиони долари за да им обезбеди средства на земјоделците, но трговците сметаат дека ќе биде потребно да се откупи и поголемо количество.
Владините претставници, пак, наведуваат дека извозот останува стабилен, со испорачани 1,011 милиони тони до 20 февруари, во споредба со 1,04 милиони тони во истиот период лани.
Гана минатата недела ја намали откупната цена на какаото за речиси една третина, наведува Ројтерс.

