Свет
„Твитер“ го суспендира акаунтот на холандскиот десничар Вилдерс

„Твитер“ привремено го суспендира акаунтот на лидерот на Партијата на слободата на Холандија (ПВВ), Геерт Вилдерс, поради твитот што тој го објави за политичката партија Демократи 66 (Д66), покажуваат скриншотовите објавени од други членови на ПВВ.
„Неверојатно, блокада од ‘Твитер’ за критикување на лидерот на Д66, Роб Јетен. Привремено со закана дека може да стане трајна”, рече Вилдерс, додавајќи: „Испраќачите на смртни закани за мене честопати се толерирани од ‘Твитер’, но мој твит со факти за колега не е. Лудило”.
Во контрадикторниот твит на Вилдерс било напишани: „Ајде секогаш да им се спротивставиме на глупаците од Д66 кои ги оставаат границите отворени и увезуваат сè повеќе и повеќе ислам., а потоа ронат крокодилски поради последиците како што се антисемитизмот, убиствата за одбрана на честа, обрежувањето на жените, тероризмот и омразата”.
Минатиот ноември Турската исламска културна федерација (ТИЦФ) испрати писмо до „Твитер“ барајќи трајна забрана за Вилдерс поради постојаното објавување на неговата твитер-сметка на пораки, слики и друга содржина со омраза
Во 2018 година Вилдерс во парламентот предложи забрана на јавните изрази на исламска вера. Планот беше одбиен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.
Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.
Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.
„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.
Свет
Макрон: Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците

Само неколку дена пред планираната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека Украина мора да биде вклучена во сите разговори за нејзината иднина.
„Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците, кои се борат за својата слобода и безбедност повеќе од три години“, напиша Макрон на X.
„Бидејќи и нивната безбедност е во прашање, Европејците исто така мора да бидат дел од решението, рече тој.
Макрон претходно разговараше по телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер, напиша тој.
По разговорот со Макрон, Зеленски напиша на X: „Украина, Франција и сите наши партнери се подготвени да работат што е можно попродуктивно за вистински мир“.
Трамп треба да се сретне со Путин во Алјаска во петок. Според „Волстрит џурнал“, Путин бара целосна руска контрола врз источните региони на Украина, Донецк и Луганск, што Зеленски категорично го отфрла.
Свет
Ердоган за Газа: Одлуката на Израел е неприфатлива, поддршката за Палестина продолжува

Одлуката на Израел да преземе воена контрола врз Газа е апсолутно неприфатлива, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на палестинскиот претседател Махмуд Абас во телефонски разговор, пренесува Анадолу.
Според турската Дирекција за комуникации, тие разговарале за израелските напади врз Газа и за најновите случувања во регионот.
За време на разговорот, Ердоган повторил дека Турција ќе продолжи да стои зад Палестина.
Нарекувајќи ги изјавите на Франција, Велика Британија и Канада за можното признавање на палестинска држава достојни за внимание, Ердоган го истакна растечкиот бран критики кон Израел на Западот и додаде дека Турција ќе продолжи со своите напори за мир во регионот.