Свет
(Видео) Тепачка во парламентот на Хонг Конг

Во Парламентот на Хонг Конг денеска настана хаос кога приврзаниците и противниците на контроверзните амандамани на законите за екстрадиција се судрија на влезот во салата.Најмалку еден пратеник е изнесен на носила откако се онесвестил за време на тепачката.
Hong Kong extradition bill battle descends into chaos, leaving lawmaker injured https://t.co/S8oEcN7xWm pic.twitter.com/LrDaDh2Oq9
— SCMP News (@SCMPNews) May 11, 2019
Предложените измени се критикувани како намалување на судската независност на полуавтономната кинеска територија, преку олеснување на екстрадицијата на осомничените за кривични дела на Кина, каде што тие би можеле да се соочат со неодредени обвиненија во доменот на националната безбедност и нефер судења.
Според принципот ,,една земја, два системи”, на Хонг Конг му беше гарантирано дека ќе има право својот општествен, правен и политички систем да го задржи 50 години откако Велика Британија во 1997 година и ја предаде територијата на Кина.
Сепак, кинеските власти се повеќе го кршат договорот и ги туркаат непопуларните законски измени кои на парламентот би му го одзеделе правото да ги испитуваат индивидуалните одлуки на извршната власт за екстрадицијата.Промените би можеле да ја отворат вратата за понатамошни мерки против граѓанските слободи, како што се законите против субверзија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Украинците спасија куче под урнатините по рускиот напад врз Суми

Во украинскиот град Билопиља во Сумската област, по ноќен воздушен напад од страна на руските сили, спасувачите извадија куче од под урнатините, како што објави Државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, пишува УНН.
Како што е наведено, Русите синоќа извршија воздушен напад врз градовите Билопилија и Ворожбјанска. Како резултат на нападот, едно лице е повредено, а девет приватни куќи се оштетени.
За време на извидување во областа на заедницата Билопилија, спасувачите одеднаш слушнале квичење: а меѓу урнатините забележале исплашено куче.
Спасувачите внимателно го извлекле животното од под урнатините и му го предале на сопственикот, се вели во соопштението, а објавено е и видео од спасувањето на кучето.
Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП, повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота, на 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери и стотици илјади верници.
Свет
Кој доаѓа на погребот на папата Франциско: Трамп веќе објави дека патува во Ватикан

Светските државници го најавуваат своето присуство на погребот на папата Франциско, а американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата мрежа Truth Social објави дека планира да патува во Ватикан со сопругата Меланија на погребот на папата Франциско.
„Меланија и јас ќе присуствуваме на погребот на папата Франциско во Рим. Со нетрпение очекуваме да бидеме таму“, рече Трамп, пренесува лондонски Гардијан.
Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека ќе присуствува на погребот.
„Ќе присуствуваме на погребот на папата, како што е соодветно“, рече Макрон, разговарајќи со новинарите во Сен Дени де ла Реунион.
Според лондонскиот весник, украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да присуствува на погребот на папата Франциско.
Се очекува дека во наредните денови списокот на светски државници кои планираат да дојдат во Рим брзо ќе се зголеми, што потенцијално ќе отвори простор за средби на маргините на погребот на папата Франциско.