Свет
Терористички регрутери повикуваат на ширење коронавирус на јавни места

Регрутерите ги охрабруваат новите членови на меѓународните терористички организации да го шират коронавирусот на јавни места, изјави шефот на Центарот за борба против тероризам на Комонвелтот на независни држави (ЗНД), Андреј Новиков, во интервју за ТАСС.
„Додека владите се обидуваат да обезбедат здравствена безбедност, фокусирајќи се на заштита на животот и здравјето на нивниот народ, регрутерите на меѓународни терористички групи не само што ја користат тешката состојба за да регрутираат повеќе џихадски војници, туку ги повикуваат заразените членови да го шират Ковид-19 што е можно помасовно на јавни места, државни агенции и така натаму“, истакна Новиков.
Според него, ваквите изјави формираат посебна категорија информации и психолошки закани за луѓето.
Согласно на тоа, во најдобра позиција се државите кои имаат ефикасни системи за контрола на епидемиолошката состојба, идентификување на заразените и лекување на болните“, рече шефот за антитероризам на ЗНД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
OН: Ако не ја одбраниме Украина, ќе следи глобален хаос

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека неуспехот да се постигне праведен мир кој го почитува територијалниот интегритет на Украина може да го поткопа меѓународното право и да предизвика хаос низ целиот свет.
„Во вакво време, исклучително е важно меѓународното право да преовладува“, рече Гутереш на конференцијата во Берлин, додавајќи: „Во спротивно, ја отвораме вратата за хаос низ целата планета“.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус додаде дека нема индикации оти рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува за прекин на огнот, пренесе „Ројтерс“.
Свет
Киев: Се’ уште не добивме одговор од Путин

Киев сè уште не добил никаков одговор од Москва за тоа дали рускиот претседател Владимир Путин ќе дојде на можни мировни преговори во Турција, изјави денеска украински функционер за АФП.
„Во неделата, претседателот Зеленски понуди средба во четврток“, рече изворот кој сакаше да остане анонимен, додавајќи: „До среда попладне, сè уште не добивме никаков одговор од Путин“.
Регион
Тинејџерка во Ровињ пријавила дека била силувана: отишла на државно натпреварување, била нападната во текот на ноќта

Хрватската полиција започна истрага откако малолетнича пријавила силување кое наводно се случило ноќта на 7 мај во станбениот комплекс во Истра каде што се одржувал државниот натпревар за средношколци.
Според „Јутарњи лист“, случајот го води Личко-Сењската полиција, со оглед на локацијата каде што е примена пријавата. Малолетничта пријавила силување во присуство на возрасен член на семејството, врз основа на што полицијата направила записник и веднаш започнала со преземање на други службени дејствија.
По анонимна дојава од загрижени родители според написите на „Јутарњи лист“ тие побарале итна истрага поради овој случај, бидејќи веруваат дека силувањето се случило поради небрежност на возрасните кои ги придружувале учениците на државниот натпревар.
Во писмото, тие ги наведуваат имињата на лицата (образовните работници) за кои сметаат дека не презеле основни мерки за заштита на малолетниците, односно ги оставиле без надзор во текот на ноќта.
Според нивните информации, настанот се случил помеѓу 00:30 и 03:30 часот, а околу 16:00 часот малолетничката се јавила кај својата пријателка и ѝ кажала што се случило.
Во тек е серија интервјуа, со оглед на големиот број луѓе кои дознале за случајот бидејќи се појавила паника и нервоза кај децата и родителите. Клучни ќе бидат наодите од гинеколошкиот преглед на жртвата, по што полицијата ќе го испраша осомничениот млад човек, пренесува медиумот.
Кога ќе заврши кривичната истрага, полицијата ќе поднесе извештај до надлежното државно обвинителство врз основа на собраните информации.