Свет
Технички секретар на мексиканскиот Сенат уапсен за убиство
Техничкиот секретар на мексиканскиот Сенат, Хозе Мануел дел Рио Вирген, е уапсен под сомнение за вмешаност во убиството на кандидатот за градоначалник во јуни годинава, соопштија властите на источната држава Веракруз.
Уапсен е под сомнение за вмешаност во убиството на кандидатот на опозициското Граѓанско движење (МЦ), изјавија државните обвинители и функционери од Веракруз, пренесе „Ројтерс“.
Лидерот на Сенатот на владејачкото левичарско движење Национална обнова (МОРЕНА), бранејќи ги обвинетите, рече дека обвинувањата се лажни и ги критикува властите на Веракруз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Аудиоснимка) Морничава бучава во последните моменти на подморницата „Титан“
Се појави нова аудиоснимка од последните моменти на подморницата „Титан“, која имплодира во Атлантикот, објави британскиот весник „Сан“.
Снимката е направена со помош на океански уред на 900 километри од местото на трагедијата и наводно ја открива морничавата бучава од моментот на имплозијата, поточно моментот на дробење на подморницата.
Американската крајбрежна стража го сподели видеото од 20 секунди како дел од истрагата за катастрофата во која загинаа сите пет члена на екипажот на подморницата „Титан“.
Крајбрежната стража соопшти дека снимен е сомнителен акустичен потпис на имплозија на 18 јуни 2023 година.
„Титан“ исчезна на 18 јуни 2023 година.
Оваа подморница се упати кон потонатиот брод „Титаник“, а спасувачите со денови се обидуваа да ја лоцираат.
Меѓутоа, набргу било откриено дека „Титан“ имплодирала, при што загинале сите патници.
Свет
Експлозија на балкон во Бон, полицијата трага по сторителите
Голема материјална штета е причинета денеска кога непознати лица фрлиле експлозив на балкон во станбена зграда во Бон.
Сите жители на зградата се евакуирани и нема повредени, а полицијата трага по сторителите, пишува „Билд“.
„Местото на злосторството е обезбедено, а веднаш е почната потрага по осомничените со поддршка од хеликоптер“, соопшти портпаролот на полицијата.
Форензичкиот тим во текот на утрото изврши истрага, а мотивот за нападот сè уште не е познат, јавува „Танјуг“.
Изминативе месеци во Северна Рајна Вестфалија се случија неколку експлозии поврзани со криминални групи, но полицијата сè уште нема докази дека овој инцидент е поврзан со други случаи, пренесува „Танјуг“.
Регион
Константинос Тасулас избран за претседател на Грција
Поранешниот претседател на грчкиот парламент, Константинос Тасулас, денеска е избран за нов шеф на државата, а ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истекува во март, објави порталот „Катимерини“.
Шеесет и шестгодишниот Тасулас, адвокат и татко на две деца, е пратеник од 2000 година, а претходно раководеше со Министерството за култура и ја извршуваше функцијата заменик-министер за одбрана.
За Тасулас гласаа 160 пратеници во 300-члениот парламент.
Тасулас беше номиниран за шеф на државата од премиерот Киријакос Мицотакис наведувајќи дека тоа го направил врз основа на политичкото искуство на Тасулас, неговиот обединувачки дух и фактот дека е широко прифатен.
Политичките аналитичари ја сметаат номинацијата на Тасулас како обид на Мицотакис да ја зацврсти својата позиција на власт, објави „Ројтерс“ потсетувајќи дека конзервативната партија на Мицотакис, Нова демократија, има тесно парламентарно мнозинство со 156 места и е под зголемен притисок.
Тасулас ќе положи заклетва на 13 март, кога и официјално ѝ завршува мандатот на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу.