Свет
Тинејџер во Данска штрајкува со глад поради климатските промени
Тинејџер во Данска започна штрајк со глад за да ги натера политичарите да преземат акција за климатските промени. Деветнаесетгодишниот Микел Брикс пред три дена го започна својот штрајк со глас, со кој сака да им укаже на политичарите колку е важно прашањето за климатските промени. Тој најавува дека ќе гладува до 5 јуни кога ќе се одржат парламентарните избори во Данска.
„Сакам да им покажам на политичарите колку далеку младите ќе отидат за нивната клима, бидејќи тоа е нашата иднина“, изјави тој за телевизијата „Тв2“.
Тинејџерот во наредните денови ќе јаде само еден ист оброк дневно. Во текот на изборната кампања најави и дека ќе организира протести.Но, паралелно со тоа, тој ќе продолжи да учи за своите тестови и планира навреме да го заврши своето образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Макрон со очила за сонце одржа говор во Давос: Се движиме кон свет без правила
Францускиот претседател, Емануел Макрон, им се обрати на учесниците на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека ова треба да биде време на мир, стабилност и предвидливост, што предизвика смеа во салата.
Тој рече дека е очигледно дека светот влегува во период на „нестабилност и нерамнотежа“, и безбедносна и економска, предупредувајќи на „поместување кон автократија“ и војни низ целиот свет во текот на 2024 година.
„Конфликтот стана нормализиран“, заклучи Макрон, кој им се обрати на присутните со очила за сонце што ги носеше јавно во последните денови поради инфекција на окото.
Во својот говор во Давос, Макрон предупреди дека светот влегува во период на длабока нестабилност и дека постои закана од „движење кон свет без правила“, во кој меѓународното право се повеќе се „гази“ и преовладува правото на посилниот. Тој оцени дека ова е „многу загрижувачко време“, директно предупредувајќи за агресивната надворешна политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Зборувајќи за трговските односи, Макрон рече дека конкуренцијата од Соединетите Американски Држави во склучувањето договори што „ги поткопуваат нашите извозни интереси, бараат максимални отстапки и отворено имаат за цел да ја ослабат и потчинат Европа“, во комбинација со, рече тој, „бесконечното акумулирање на нови тарифи“, е „фундаментално неприфатливо“ за Европа.
„Уште посериозно е кога тарифите се користат како лост за притисок врз територијалниот суверенитет“, рече тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп утрово јавно сподели порака што ја добил од Макрон, во која предлага состанок на Г7 на самитот во Давос во Швајцарија. Трамп, исто така, рече дека ќе воведе царина од 200 проценти на францускиот шампањ и вино ако е вистина дека Макрон не сака да се приклучи на неговиот „Комитет за мир“.
Извор близок до францускиот претседател утрово изјави дека заканите на американскиот претседател за воведување царина од 200 проценти на францускиот шампањ, поради намерата на Франција да ја отфрли неговата покана за учество во таканаречениот „Комитет за мир“, се неприфатливи.
фото/епа
Свет
Лавров: Трамп знае дека Русија нема никаква врска со Гренланд
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека „воопшто не се сомнева“ дека Вашингтон знае дека Русија „нема никаква врска“ со Гренланд.
Тој додаде дека „нема докази“ дека Русија има намера да го окупира Гренланд.
Лавров, исто така, истакна дека Москва ќе продолжи да ја следи „сериозната геополитичка ситуација“.
Рускиот шеф на дипломатијата денес изјави и дека Гренланд „не е природен дел“ од Данска и дека прашањето за поранешните колонијални територии станува сè порелевантно.
Тој истакна дека Русија нема планови поврзани со Гренланд, но дека ја следи „сериозната геополитичка ситуација“ околу островот. Додаде дека НАТО треба да одлучи за Гренланд во рамките на алијансата.
фото/Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп за Макрон: Никој не го сака во „Комитетот за мир“
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 проценти за француските вина и шампањи поради одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја отфрли поканата на американскиот лидер да се приклучи на неговиот проект „Комитет за мир“.
Комитетот првично беше замислен да ја надгледува реконструкцијата на Газа, но сега се чини дека е проширен на поширока платформа за решавање на глобалните конфликти, пишува „Политико“.
Reporter: Have you invited Putin to be a member of the board of peace?
Trump: Yes
Reporter: Can you respond to Macron saying he will not join the board of peace?
Trump: Nobody wants him… I’ll put a 200% tariff on his wines and he’ll join pic.twitter.com/A3a1fXybks
— Acyn (@Acyn) January 20, 2026
Кога еден новинар го праша за ставот на Макрон, Трамп рече:
„Па, никој не го сака затоа што наскоро ќе ја напушти функцијата. Ќе воведам царина од 200 проценти за неговите вина и шампањи, и тој ќе се приклучи, но не мора да се приклучи“, додаде Трамп.
Комитетот првично беше замислен да ја надгледува реконструкцијата на Газа, но сега се чини дека е проширен на поширока платформа за решавање на глобалните конфликти, пишува „Политико“.
„Добро. Ако се однесува непријателски, ќе ставам царина од 200% на неговите шампањи и вина. Потоа тој ќе се придружи. Ако навистина го кажал тоа, веројатно ми го пренесовте малку поинаку. Но, како што знаете, тој нема да биде претседател за неколку месеци“, рече Трамп.
Фото: ЕПА

